Го одбележуваме Денот на македонската азбука и македонскиот јазик (05.05.2026г.) со читање поезија за време на часовите по македонски јазик.
Македонски јазик e јужнословенски јазик, дел од групата на словенски јазици од јазичното семејство на индоевропски јазици. Македонскиот е службен и национален јазик во Македонија.
Спаѓа во групата на јужнословенски јазици, а го зборуваат околу 3 милиони говорници во Македонија, Грција, Албанија, Бугарија, Австралија, САД, Канада и други земји.
Македонската азбука е официјално и единствено писмо на македонскиот јазик со службен статус на територијата на Република Македонија.
Денес прославуваме точно 81 години од усвојувањето на македонската азбука. 5 мај 1945 година е денот кога Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.
Македонската азбука е заснована на кирилицата со мали адаптирања согласно фонетскиот и фонолошкиот систем на јазикот. Азбуката брои 31 буква и е заснована на преродбеничката азбука на Крсте Петков Мисирков.
Неколку од карактеристичнитe особини на македонскиот јазик се неупотребата на падежи, третосложното акцентирање, двојниот предмет, минато идно време, како и буквата Ѕ по која македонскиот јазик се издвојува од останатите јазици.
Повеќе од седум децении македонскиот јазик е признаен член на светското јазично семејство, на чие истражување работат не само македонските туку и голем број познати странски научници.
Македонскиот јазик е јазикот на кој твореле Петре М. Андреевски, Блаже Конески, Ацо Шопов, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Кочо Рацин и останатите македонски книжевни великани.
Македонскиот јазик е темелот на македонскиот идентитет.
Да си го чуваме и негуваме, бидејќи како што рекол Блаже Конески:
„Послушајте Македонци! Јазикот е единствената наша татковина. Сè додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште.“

No comments:
Post a Comment