Wednesday, 10 December 2025

Новогодишна магија



Новата година и Божиќните празници се најволшебното време во годината. Ајде да покажеме дека е време празничнатата магија да почне и тоа преку креативност и љубов кон книгите! 🎅📚✨

Библиотеката при ООУ,,Св. Климент Охридски" распишува: 

📚✨ Новогодишен конкурс за сите заинтересирани ученици ✨📚

По повод новогодишните празници, училишната библиотека организира креативен конкурс за изработка на рачнo изработена книга.

Секој ученик кој сака да учествува треба:

🎄 Да одбере една новогодишна приказна

✏️ Да ја преработи и илустрира по сопствена желба

📖 Да изработи рачно направена книга која ќе има:

Насловна страница

Целосната приказна во внатрешноста, која може да биде преработена позната или непозната приказна или целосно новосоздадена приказна.

Вашата книга треба да биде оригинална, креативна и изработена со техники и материјали по ваш избор!

🏆 Сите изработки ќе бидат оценети, а најкреативните ученици ќе бидат наградени!

📌 Важно: За да учествувате, потребно е најпрво да се пријавите кај библиотекарот, кој ќе ви даде дополнителни насоки и примери.

⏳️Конкурсот ќе трае до крајот на зимскиот распуст за да имате време да се посветите на креативната работа. Специјално жири ќе одлучува за најкреативните изработки, а ќе се одржи и изложба на сите ваши книги.

☃️Разбудете ја својата фантазија и освојте еден од подароците кои Дедо Мраз ќе ги донесе за учениците со најдобрите изработки.🎅📚✨

No comments:

Post a Comment

Фолклорен концерт

 Денес, 11.12.2025 год. во Домот на културата ,,Билјана Беличанец" се одржа фолклорен концерт на здружението ,, Трисомија". На нас...