Sunday, 30 August 2026

Втора средба од обуката за холистичко образование

 На втората средба која се одржа на 26.8.2026 година во нашето училиште наставниот кадар се здоби со вештини за развивање на здрав однос кон другите и себе. Преку забавни активности обучувачката Катерина Златановска Попова ги презентираше целите на обуката, а кои подоцна ќе најдат примена и во работата со учениците. Со нетрпение очекуваме. 





















Tuesday, 25 August 2026

Вело буре паркинг

 Денес во дворот на Св. Климент Охридски Драчево ги наместивме трите „вело буре паркинг" кои беа донирани од Вело Училишта. Со ова се зголеми капацитетот за паркинг за велосипеди за учениците и за вработените. Се надеваме дека ова ќе ги поттикне учениците, а и вработените да го користат велосипедот како превозно средство.









Wednesday, 19 August 2026

Тим билдинг на колективот за проектот ,, Star for life"

 Денес, 19.8.2026 година, се одржа првата средба со наставниците и стручните соработници од планираните пет на кои колективот на нашето училиште се обучува за имплементација на проектот ,, Star for life", чија главна цел е превенција на булингот и врсничкото насилство. 

Се работеше на вежби за зајакнување на тимот и партнерството преку игриви активности кои ќе бидат подоцна применети со учениците. 

Проектот има цел да им помогне на учениците во себеспознавањето и за зголемување на самодовербата кај учениците како и поттикнување на партнерство и меѓусебно дружење.

Обучувач на денешните активности беше Катерина Златановска Попова. 






















🌱 ХУМАНА КОМУНИКАЦИЈА КАЈ МЛАДИТЕ – АСПЕКТИ, ФАКТОРИ И КРЕАТИВНИ НАЧИНИ НА НЕЈЗИНО РАЗВИВАЊЕ

 🌱 ХУМАНА КОМУНИКАЦИЈА КАЈ МЛАДИТЕ – АСПЕКТИ, ФАКТОРИ И КРЕАТИВНИ НАЧИНИ НА НЕЈЗИНО РАЗВИВАЊЕ 📚 На 2 октомври 2026 година, во Свечената са...