Thursday, 14 May 2026

🌿 ЕКО АКЦИЈА – МАЛИ ЧЕКОРИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ! 🌿

 

Учениците од VII одделение - група - Екологија, во рамките на општествено-хуманитарната работа, успешно реализираа ЕКО акција во паркот „Оксиген“. Со многу ентузијазам, одговорност и тимска работа, тие го исчистија тревникот, детското игралиште, летниковецот и повеќенаменското игралиште, при што собраа дури 5 вреќи отпад.

Преку оваа акција учениците не само што придонесоа за почиста и поубава околина, туку кај нив дополнително се развиваа другарството, тимскиот дух, чувството на одговорност и свесноста за значењето на чистата и здрава животна средина.

Горди сме на нивната посветеност и на пораката што ја испратија – дека секој од нас може да биде дел од позитивната промена! 💚♻️













No comments:

Post a Comment

🌿 ЕКО АКЦИЈА – МАЛИ ЧЕКОРИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ! 🌿

  Учениците од VII одделение - група - Екологија, во рамките на општествено-хуманитарната работа, успешно реализираа ЕКО акција во паркот „О...