Wednesday, 13 May 2026

Посета на Град Скопје на учениците од четвртите одделенија

 

Утрово, 13.5.2026, во Град Скопје посета остварија нашите ученици од четврто одделение. Во топла и пријатна атмосфера се дружевме, разговаравме за работата на градоначалникот, за градот, за одговорноста кон заедницата и за тоа како заедно го градиме Скопје во кое ќе растеме, ќе учиме, ќе создаваме и ќе ги остваруваме своите соништа.
🫡Тие го изненадија градоначалникот со прашањата што му ги поставија, со начинот на кој размислуваат и со љубовта што ја покажуваат кон својот град.
🐘Исто така, денес учениците ќе ја посетат и Зоолошката градина, каде преку едукативна настава ќе имаат можност одблиску да се запознаат со животинскиот свет, со значењето на грижата за природата и со важноста да растат како одговорни, љубопитни и хумани млади луѓе.

Одговорни наставници: Радмила Стефаноска и Ане Мишовска



















No comments:

Post a Comment

Посета на Град Скопје на учениците од четвртите одделенија

  Утрово, 13.5.2026, во Град Скопје посета остварија нашите ученици од четврто одделение. В о топла и пријатна атмосфера се дружевме, разгов...