


Каја Златановска 2-2 Пофалница
Ментор: Јасмина Лакинска
Прва награда
101 приказна за Климент
101 година приказните
За Климент
се ткаат
Зидовите,
училниците
И ходниците за тоа сведочат и знаат.
Неговото име и дело
Со гордост
го славиме ние
Од неговиот
портрет
Нашето срце
со восхит бие.
Неговиот
лик во нашето училиште
Е врежан секаде
Нашите творби
за него
Секогаш ќе
стојат некаде.
Учителот
наш славен
Ќе го
славиме многу зими и лета
Душата ќе
ни биде полна
Облеана со
радост сета.
Евгенија Станкоска 5-2
Ментор: Лиле Велјановска
Прва награда
101 Климентова приказна
101 приказна е малку
да го раскаже Климентовото дело,
создателот на азбуката
со срце храбро и смело.
Ученик вреден и смел
на Кирил и Методиј е тој,
заедно ја ширеле верата,
писменоста и христијанскиот сој.
Во нашето училиште 101 година
неговото дело го чуваме,
за неговата мудрост и добрина
вечно ќе му се поклонуваме.
Времето приказни плете,
со него е гордо секое дете,
од срцето на Климент ние излегуваме,
за неговото дело гордо раскажуваме.
Мила Станкоска VI-1 одд.
Ментор: Виолета Трпевска
Втора награда

Ива Трпчевска 5-1
Ментор: Тања Петков
„101 – Климентова приказна“
Во Охрид под небото сино и чисто,
живеел Климент – кој мудрост им делел на сите.
Буква по буква, збор по збор,
раскажувал приказни полни со љубов.
Со букви златни училиштето го крева,
секој ученик со насмевка го гледа.
„Учете чеда, учете со љубов“- тивко зборувал тој,
знаењето е патека што води кон спокој.
Сто и една приказна низ времето лета,
за учителот Климент – мудроста е света.
И денес одекнува на училишниот час:
„Учи со љубов – светот е твој глас!“
Андреа Петрушевски – III-2 одд.
Ментори:
Татјана Каранфиловска
Симона Ѓорѓиевска










No comments:
Post a Comment