Tuesday, 2 June 2026

Вело настан во организација на Велоучилишта и нашето училиште

 


Фантастичен ден со Вело Училишта во ООУ Климент Охридски, Драчево
Денес, 2.6.2026 во организација на Вело училишта, Еко Логик и нашето училиште се случуваше еден од најинтересните настани годинава: Се одржа натпревар во возење велосипеди на ниво на тимови, се украсуваа држачи за паркирани велосипеди, се сликаше, се редеа сложувалки... со еден збор се беше во духот на неговото величество - велосипедот!
Велосипеди во акција, смеа насекаде и вистински Вело дуел кој ја крена енергијата до максимум! 💥🚴‍♀️
Училиштниот двор на ООУ „Св. Климент Охридски“ се претвори во мала зона за движење, учење и забава.
Во безбедна и контролирана средина, учениците:
⚡ ги тестираа своите велосипедски вештини
⚡ учеа баланс и координација
⚡ вежбаа сообраќајни правила на практичен начин
⚡ и најважно- учеа без да чувствуваат дека учат 🎯
Имаше моменти на натпревар, моменти на смеење, и многу „ајде уште еднаш!“ 🙌🚴‍♂️
Кога децата се активни, училишните дворови оживуваат- стануваат места полни радост, самодоверба и здрави навики 🌿✨
🚸 Затоа велиме: повеќе движење = побезбедна, посреќна иднина за сите нас
Активноста е дел од Еразмус+ проектот „School Streets: Enjoy Your Journey to School“ (референтен број: 2024-1-HU01-KA220-SCH-000245303), финансиран од Европската Унија кој е насочен токму кон оваа цел создавање побезбедни училишни зони и поттикнување активна мобилност кај младите.
Изразените ставови и мислења се ставови на авторот/авторите и не ги одразуваат нужно ставовите на Европската Унија или на Европската Извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив.
Фото, се знае: Дејан Мариќ










































Вело настан во организација на Велоучилишта и нашето училиште

  Фантастичен ден со Вело Училишта во ООУ Климент Охридски, Драчево Денес, 2.6.2026 во организација на Вело училишта, Еко Логик и нашето уч...