Почитувани,
Thursday, 29 June 2023
Натпревар во раскажување
Tuesday, 13 June 2023
Полуматурска забава на деветтоодделенците
Saturday, 10 June 2023
Информација за електронски упис во средно училиште
Почитувани ученици, почитувани родители,
Со цел оптимизирање на целокупниот процес на уписи во средните училишта во Република Северна Македонија, Министерството за образование и наука и оваа година преку дигитална услуга ќе Ви овозможи електронско аплицирање кое нема да Ви одземе повеќе од 15 тина минути.
Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.
Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk .
Упатството за логирање/ најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава.
За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен од 10.06.2023 година во 10.00 часот. Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 21.06.2023 година најдоцна до 15.00 часот, после што системот ќе биде затворен за онлајн аплицирање од ученици.
Во наведениот период додека системот за аплицирање е достапен за учениците, тие ќе можат да вршат ажурирање, измени и дополнувања на своите пријави и да имаат увид во вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите.
Валидација на дипломите и внесување на поени од дипломите вршат комисиите од средните училишта.
Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 22-ти јуни 2023 година на интернет страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk, односно на https://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.
Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 22-ти јуни од 12.00 часот до 19.00 часот и на 23-ти јуни од 07.00 часот до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.
Со почит
Министерство за образование и наука
Monday, 22 May 2023
Конкурс за избор на првенец на генерацијата 2014-2023
Врз основа на „Правилникот за пофалби и награди и педагошки мерки на учениците“ на ООУ „Св. Климент Охридски“, и Критериумите за избор на првенец на генерација претседателот на Комисијата за избор на првенец на генерацијата го распишува следниот
КОНКУРС
за избор на првенец на генерацијата 2014-2023 година
Конкурсот е отворен до 14.6.2023 и на него право на учество имаат сите ученици од деветто одделение во учебната 2022-23 година при ООУ „Св. Климент Охридски“ кои ги исполнуваат следниве услови:
- Континуиран одличен успех во текот на сите одделенија
- Континуирано примерно поведение
- Ученикот/чката да учествувал/а на општински, регионални, републички и меѓународни натпревари или проекти и да има освојувано дипломи, признанија и награди на истите
- Да не бил/а казнуван со педагошка мерка од било кој вид во текот на воспитно –образовниот процес и да нема повеќе од 3 неоправдани изостаноци (за секоја година поединечно)
- Да има активно учество во ученичките организации, слободните и вон-наставните активности на училиштето
- Со своето поведение и постапки да дава пример за солидарнoст, правичност и хуманост.
Потребни документи:
Кратка биографија
Фотокопија од свидетелствата од 4-8 одделение ( за 9 одделение одделенскиот раководител дава информација за успехот и поведението при пишувањето на мислење за ученикот)
Фотокопија од дипломи, признанија и награди за освоени места или учество на натпревари на различно ниво, како и потврди за учество во вон-наставни активност
Мислење од одделенски раководител и/или ментор за освоените постигнувања
Комплетната документација учениците да ја достават не подоцна од 14.6.2023 до своите одделенски раководители, кои пак потоа ја доставуваат до претседателот на комисијата Елена Петрушевска. Комисијата ќе ги рангира добиените документи според утврдените инструменти за рангирање и најдоцна до 16.6.2023 ќе ги објави резултатите од конкурсот.
Нецелосните и ненавремено доставените документи нема да се разгледуваат од страна на Комисијата.
Sunday, 21 May 2023
Тридневна наставно-научна екскурзија на деветтоодделенците во Берово
Во периодот од 15-17 мај во рамките на програмата на училиштето беше изведена тродневна наставно-научна екскурзија со учениците од деветто одделение. Дестинацијата беше Источна Македонија и запознавање со овој ретко посетуван предел. Беа посетени Штип, Берово и Пехчево со нивните знаменитости.
Одговорните наставници беа Орце Лазаров, Биљана Илиева и Валентина Варелова
Извештај за реализација на тридневна
наставно-научна екскурзија во IXодделение во период од 15-17.05.2023 година
Скопје-Штип-Берово-Пехчево-Скопје
15.05.2023 г. - 1 ден
8 часот - Тргнување според планираната екскурзија
од с. Драчево и упатување кон градот Штип
10 часот - Посета на првото училиште каде бил
учител Гоце Делчев и посета на црквата Сб. Богородица
11 часот - Посета на Завод и Музеј на
револуционерната борба во Штип
12 часот - Посета на Археолошкиот музеј во Штип
13 часот - Посета на Етнолошкиот музеј во Штип
14 часот - Разгледување на градот Штип
15 и 30 часот - Упатување кон градот Берово
17 - 18 часот - Вечера
Пристигнување во хотел Вип и сместување на
учениците.
16.05.2023
год. - 2 ден
9-10 часот - Појадок во просториите на хотелот
11 - 14 часот - Посета на градот Берово (посета
на центарот на градот, црквата Св.Богородица, женскиот манастир)
14-16 часот - Ручек
16-18 часот - Слободни активности, панорамско разгледување
на Беровското Езеро
19 часот - вечера во хотелот
20 - 22 часот - организирана забава за учениците
17.05.2023
г. - 3 ден
9-10 часот - Појадок во просториите на хотелот
11-11 и 30 часот - Пакување и напуштање на собите
на хотелот
12 часот - Упатување кон градот Пехчево
12 и 30 часот - Посета на Спортско-рекреативниот
комплекс „Езерце“ во Пехчево
14 и 30 - Ручек
16 часот - Упатување кон Скопје
18 часот - Пристигнување во с.Драчево
За време на тридневната екскурзија имаше пратител
и доктор.
Екскурзијата помина во најдобар ред во однос на
здравјето, безбедноста и сместувањето на учениците.
Одделенски раководители
Орце Лазаров IX -1
одд.
Биљана Илиева IX -2
одд.
Валентина Варелова
IX -3 одд.
Wednesday, 19 April 2023
Химната на Германија на часот по германски јазик
9-1 секогаш изненадува. Химната на Германија се пее на часот по германски на сет глас.
Wednesday, 5 April 2023
Посета на изложба во соработка со Гете институт и Макс Планк во КИЦ
Вселена.Човек.Интелигенција. е интерактивна изложба за млади која Гете-институт во соработка со друштвото Макс Планк ја прикажува низ светот, а IX одделение ја посети денес во изложбениот простор на Културно-информативен центар во Скопје.
Изложбата Вселена.Човек.Интелигенција. обработува пет големи тематски области: вселена, историја на човештвото, мозок, антропоцен и вештачка интелигенција. За секоја од наведените теми постои соодветна станица, на која посетителите на забавен начин и со интерактивни елементи може да дознаат повеќе за темите како што се на пр. компјутерско преобразување (морфинг) на лице, прикажувања на растојанија во вселената со помош на атмосферска обвивка, инсталации, со кои може да се доживеат различни емоции преку влијанието на музиката или интеракцијата на роботите и сл.
Целта на изложбата е на сите заинтересирани за Германија и германскиот јазик да им се покаже дека истражувањето во Германија ужива висок статус и е важен дел од германската култура. Изложбата кај нашите ученици поттикна љубопитност за истражување на различни полиња и стимулира размислување за научни и општествени теми.
Покрај изложбата, учениците од IX одделение ја посетија и Зелената градина во ГТЦ.
Биологија и Германски јазик - кој вели дека не може да се комбинира😀
,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”- награда на конкурс
,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”- награда на конкурс Малку задоцнето, но убавите вести се секогаш добредојд...
-
Новата година и Божиќните празници се најволшебното време во годината. Ајде да покажеме дека е време празничнатата магија да почне и тоа пре...
-
Галерија слики од наградените ученици по повод патрониот празник:
-
Комисијата во состав: Валентина Терзиева, Виолета Божиновска, Наташа Станојевска, Виолета Трпевска и Наташа Старделова ги селектира и рангир...

















































