Showing posts with label 5-3. Show all posts
Showing posts with label 5-3. Show all posts

Thursday, 29 June 2023

Натпревар во раскажување




 Почитувани,

Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ започнува со организирање натпревар во раскажување прочитани книги со цел да ги поттикне младите да стекнат навика за читање и да ги развијат своите способности за вербално изразување. Натпреварот во раскажување е одобрен за реализирање со одлука на Министерството за образование и наука, донесена според мислење на Бирото за развој на образованието. Повеќе детали и пријавување:

Tuesday, 13 June 2023

Завршна приредба на V-3 одд. под мотото „Да го негуваме другарството"

 Завршна приредба на V-3 одд. под мотото „Да го негуваме другарството“. Анета Кузмановска им порачува на своите ученици да останат сплотени и понатаму во школувањето и во животот. Затоа што вистинските пријателства траат цел живот, а се стекнуваат со заедништво.
























































Wednesday, 31 May 2023

Посета на Археолошкиот музеј и Музејот на македонската борба за државност и самостојноство Скопје

 

На 30.5.2023 година учениците од 2 до 5 одделение од нашето училиште беа во посета на Археолошкиот музеј и Музејот на македонската борба за државност и самостојност. Исто така, тие го посетија и вечното почивалиште на нашиот Гоце Делчев во црквата Св. Спас. Таму тие со едноминутно молчење ја искажаа својата почит кон великанот.  По посетите беше предвидена и прошетка низ нашиот убав град. 











































































,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”- награда на конкурс

,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”-  награда на конкурс  Малку задоцнето, но убавите вести се секогаш добредојд...