Showing posts with label Спорт. Show all posts
Showing posts with label Спорт. Show all posts

Friday, 20 March 2026

Пролетно пешачење до пештерата Шпела


Денес, 20.3.2026 година, реализиравме пролетно пешачење до пештерата Шпела со ученици од Св. Климент Охридски Драчево







 

Monday, 16 March 2026

Активно возење- возење во колона, запирање во колона, рачна сигнализација при вртење

 Денес,во рамките на Еразмус+ проектот 

,,Училишни улици" каде што Вело Училишта е партнер,а нашето училиште Св. Климент Охридски Драчево е соработник, реализиравме уште една активност.Овој пат вежбите што ги правевме во училиште ги применивме низ улиците во Драчево со активно возење (возење во колона, запирање во колона, рачна сигнализација при вртење и сл.)













Thursday, 16 October 2025

Бици бус

Вчера, 16.10.2025, во рамките на проектот „Училишни улици" во координација со Вело Училишта, а во соработка со Велјан Паризов, Никола Нешкоски и поддршка од наставничката Тања Стојановска Петков и учениците од 5-1 со Андрај Боневски успешно ја завршивме рутата до „Св. Климент Охридски“ Драчево возејќи велосипеди во група- Бици бус.

Одговорен наставник: Александар Ѓеорѓиевски











Friday, 10 October 2025

Вело полигон по повод Неделата на детето

Крајот делото го краси. После одложувањето од средата денес нè послужи времето да го реализираме и детскиот Вело полигон во склоп на Неделата на детето. Децата од најмала возраст се рамноправни учесници во сообраќајот, па затоа колку порано ги научат сообраќајните правила, толку подобро. Забавен и едукативен беше денешниов Вело полигон.

Одговорен наставник: Александар Ѓеорѓиевски
Видеа и фотографии: Андреј Боневски и Симона Ѓорѓиевска
 



































Sunday, 5 October 2025

Штафетна трка на Скопскиот маратон

 Денес,на Скопскиот маратон нашето училиште "Св.Климент Охридски" под покровителство на Џиу-Џица федерацијата на Македонија го претставуваа Душица А Гулабоски,Емилија Филипоска,Александар Ѓеорѓиевски и Горан Билбилоски.Тие земаа учество во штафетната трка и со резултат од 4:20:24 и го заземаа 37 место од вкупно 97 пријавени штафети.Ова е одличен резултат за нашите претставници и догодина ќе атакуваме на многу повисока позиција.







Tuesday, 16 September 2025

Бицибус во Драчево!

 












🚲 Европската недела на мобилност ја одбележуваме со Бицибус во Драчево!


Заедно со АМСМ  и Св. Климент Охридски Драчево, продолжуваме со активностите во рамки на Erasmus+ проектот Училишни улици-School Streets.


✨ Замислете патување до училиште кое е безбедно, активно и забавно. Тоа е Бицибус! Децата возат заедно по однапред утврдена рута, а секој има своја „станица“.


Што добиваме сите?

✅ Здрави и активни деца

✅ Помалку сообраќај пред училиштата

✅ Почист воздух за нашите семејства

✅ Посилна заедница што се грижи едни за други


📢 Утре повторно се гледаме во Драчево – придружете ни се и поддржете ја оваа  иницијатива!


#SchoolStreets #ErasmusPlus #EuropeanMobilityWeek #Бицибус

,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”- награда на конкурс

,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”-  награда на конкурс  Малку задоцнето, но убавите вести се секогаш добредојд...