Showing posts with label Википедија. Show all posts
Showing posts with label Википедија. Show all posts

Sunday, 7 December 2025

Вики камп 2025 на Попова Шапка

 Вики камп Попова Шапка е тридневен Вики камп за членовите на Вики Клубовите во Македонија, што се одржа за време на викендот 5-7 декември 2025 година, и беше посветен тематски за „Занаети и народни носии“. Проектот е во организација на Здружението Викимедија МКД. Годинава Вики кампот се одржува во хотел Арена, Попова Шапка. Вики кампот опфаќа ученици од различна возраст и од различни училишта од Македонија. Членовите на Вики клубот „Климент", Мила Филиповска и Калина Боцевска зедоа активно учество под менторство на Наташа Старделова, библиотекар во нашето училиште.  На кампот според програмата учесниците следеа предавања на темата и имаа уредувачки активности на Википедија на македонски јазик заедно со другите 40 волонтери, а резултатот беа 243 ново напишани  статии.

































Thursday, 6 November 2025

Нови членови во Вики клубот во нашето училиште и обука за уредување на Википедија на македонски

Денес, 6.11.2025 година се одржа обука за ученици од 7-9 одделение за уредување на Википедија на македонски јазик, а нашиот Вики клуб се збогати за 9 нови членови. Претставниците од Викимедија МКД, Боса Филиповиќ и Јован Тасевски одржаа обука за новите членови што резултираше со создадени 11 нови статии на македонската Википедија на темата детски книги и автори, за кои досега немаше статија на македонски јазик. Со оваа активност Вики клубот се вклучува во одбележувањето на Месецот на книгата, активност на библиотекарката и координаторката на Вики клубот во нашето училиште, Наташа Старделова.   




 

Sunday, 13 October 2024

Вики камп во Струга




Вики кампот во Струга кој се одржа од 11 до 13 октомври, беше настан каде 40 учесници активно  се вклучија во уредување на статии на Википедија. 📝 Овој камп нуди можност за подобрување и збогатување на содржините на слободната енциклопедија  преку забава, колективна работа и размена на знаења. 🤝📚На кампот учество зедоа Вики клубовите од цела Македонија, а од нашето училиште учесници беа Петар Мицевски од 6-2, Марко Трпчевски,  7-1 и Матеј Јаневски 6-2, под водство на библиотекарот Наташа Старделова, координаторот на Вики клубот при училиштето. 
Оваа е шести по ред Вики камп на кој учествува  нашето училиште. 
 40 учесници присуствуваа во хотел „Бисер“ и придонесоа со неверојатни 215 нови статии на Википедија на темата за климатски промени. 🌍Покрај уредувањето, кампот вклучуваше и едукативни предавања од проф. др. Игор Кузмановски и м-р Ненад Шундовски, како и совети за семрежна безбедност од м-р Валентина Трајкоска. 🔐 

Голема благодарност до сите учесници кои со својот труд и енергија го направија овој камп незаборавен! 🙌💚



















 


Thursday, 12 September 2024

Вики клубот во нашето училиште врши селекција на нови членови

 






Вики клубовите нудат нови начини на соработка и учење, каде учениците се оспособуваат за критичко мислење и проверка на факти. 

Вики клубот во нашето училиште ги повикува заинтересираните ученици од 6-9 одделение да се приклучат на Вики заедицата.

Упис на нови членови на 13.9.2024 (петок), во 11.30 часот во училишната библиотека.



Како станав Википедијанец?


Линк до интервјуто на Википедија мк

Личните мотиви и перцепцијата кон нештата се двигателите за тоа на кој начин ние допринесуваме за општото добро на заедницата. Дали тоа се некои образовни придобивки, хуманирани дела или социјално-политички делувања, луѓето имаат различни двигатели што ги тераат на кој начин и со каква цел да го искористат слободното време и преку делување да дадат нешто корисно за заедницата. Нашата заедница, Википедијанска, покрај посветеноста за овозможување на слободна содржина достапна за сите, има и дополнителни мотиви и цели за нејзиното делување.

Како Википедија го збогатува образованието?


Наташа Старделова, вработена во ООУ „Св. Климент Охридски“ во Драчево, веќе 4 години успешно го води Вики клубот во своето училиште.  Нејзината мотивација доаѓа од желбата да ги прошири знаењата на учениците надвор од класичните програми и да ги воведе во светот на слободни содржини достапни за сите. 📖 


Вики клубовите нудат нови начини на соработка и учење, каде учениците се оспособуваат за критичко мислење и проверка на факти.


Приклучете се и вие во оваа глобална заедница и станете дел од создавањето на слободно знаење! 





Saturday, 23 September 2023

Вики камп во Михајлово

На 22.9.2023 во Михајлово, започна тридневниот Вики камп на младите Википедијанци, во организација на ГЛАМ МАКЕДОНИЈА.

Темата на овој петти по ред камп, кој е за прв пат е и меѓународен, е „Да го зачуваме нематеријалното наследство" со што Википедијанците се приклучуваат кон одбележувањето на 20 годишнината од Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно
наследство на УНЕСКО.
Вики кампот го поздравија Сузан Онес од Хелсинки иницијатор на проектот, м-р Ивона Опетческа Татарчевска, виш соработник за фолклорни добра во Управата за заштита на културното наследство и Снежана Штрковска претседателка на ГЛАМ.

Вториот ден на Вики кампот "Да го зачуваме нематерјалното културно наследство" , во првиот дел го одбележаа две инспиративни предавања. Лили Арсова од Вики клубот на Велес ги презентираше активностите на оваа тема во претходниот период од страна на велешките википедијанци. М-р Ивона Опетческа Татарчевска пак, на учесниците им презентираше широк опсег на информации од овој дел на културното наследство, кои ќе бидат позитивен инпут во престојното збогатување на Википедија на македонски јазик со статии на оваа тема.

🪩 Вики кампот продолжува и во попладневните часови со нови интересни содржини. 📷 Како најуспешно да прикачите фотографија на вашите статии, беше предавањето на проф. Игор Кузмановски, член на ГЛАМ Македонија. 💻 За тајните на администрирање на Википедија зборуваше пред учесниците на кампот Никола Стојаноски, исто член на ГЛАМ Македонија. 💻💻 Учесниците продолжија со пишување на нови статии и во текот на третиот ден, кога беа доделени и наградите за најактивните пишувачи на статии.
Во текот на трите уредувачки денови беа создадени многу нови статии на македонски јазик со кои се збогати македонската Википедија, а се доделија и многу награди.
Претставници од ООУ. „Св. Климент Охридски“ беа Софија Ацевска, Дафина Здравковска, Стефан Дојчиновски и Петар Ангеловски од 9-1 одделение со менторите Наташа Старделова и Валентина Трајкоска.
За Вики кампот пишуваше и весникот „Нова Македонија“.

А на линкот е адресата на YouTube каналот со нашите видеа.







































,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”- награда на конкурс

,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”-  награда на конкурс  Малку задоцнето, но убавите вести се секогаш добредојд...