Showing posts with label час по македонски јазик. Show all posts
Showing posts with label час по македонски јазик. Show all posts

Friday, 31 January 2025

Правење пица на час по лектира

Правиме пици на часот по македонски јазик 🤔 Хмм... Можеби звучи чудно, но и на часот по македонски јазик може да се направи пица. Сигурно се прашувате како? Учениците од 6-1 и 6-2 одд. лектирата ,,Робинзон Крусо" ја анализираа преку техниката пица. Како изгледаа нашите вкусни пици погледнете во продолжение. Наставник: Виолета Трпевска















Tuesday, 17 September 2024

Епика, лирика, драма- што е што?

 Денес библиотеката беше истражувачко катче за шестоодделенците. Тие беа во мисија да пронајдат дела во библиотеката од различните литературни родови. Секогаш е полесно кога знаењето ќе се поврзе со искуството. Покрај идентификацијата и жнеењето на нови знаења, средбата со новите книги во библиотеката секогаш е интересна. На крајот, сите се потпишаа и напишаа на таблата што откриле и што научиле.

Одговорен наставник: Виолета Трпевска

Библиотекар: Наташа Старделова




















Tuesday, 20 February 2024

Зборот наспроти сликата

Со сликата некогаш заменуваме илјада зборови. Лектирното дело на Н. А. Шкриќариќ, Перуновата стрела, пресликано од креативните раце на Марија Тренкоска од 7-2 одд. Часовите предвидени за слободно изразување и творење се вистински рудник за откривање и брусење на дијаманти.




Monday, 20 November 2023

,,Силјан Штркот" кај 7 одделенците

  


Најинтересната приказна за Силјан, мрзливиот син кој станува штрк, а потоа и работлив селанец ги заинтересира седмодделенците. Погледнете го видеото кое Ема Настевска го изработи за лектирата Силјан Штркот од сликите на цртежите на своите соученици. 































,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”- награда на конкурс

,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”-  награда на конкурс  Малку задоцнето, но убавите вести се секогаш добредојд...