,,Населби по мерка на децата,,- малите архитекти од 5 одд.- „Св. Климент Охридски Драчево“ и ,,Рајко Жинзифов“
Thursday, 27 February 2025
Thursday, 29 February 2024
Да ја дочекаме Баба Марта
Да ја дочекаме Баба Марта
Петтоодделенците и шестоодделенците навреме се подготвија за да го пречекаат месецот март и ги изработија традиционалните мартинки со црвена и бела боја. 5-1,5-2, 6-1,6-2, 6-3 одделение под водство на наставнчката по Техничко образование денес ги изработија своите „висулци“.
Мартинката се изработува од волнено или памучно предиво во 2 основни бои — бела и црвена. Овој празник уште се нарекува и празник на "Баба Марта".
Обичајот Мартинки во Република Македонија со Одлука се прогласени за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, бр. 45-4183/1 од 16 јули 2019 година во Македонија. Потоа следи Решение за прогласување на значајно културно наследство УП.1 10-104 од 26 февруари 2014 година. Во 2017 година била донесена одлука за впишување на обичајот Мартинки на Претставителнниот список на УНЕСКО за нематеријални културно наследства на човештвото.
Обичајот на правење мартинки, односно на еден вид амајлии изработени од усукани конци (најчесто од црвена и бела боја) се поврзува со почетокот на месецот март - први март, кој во народниот календар е познат под неколку имиња: Марта, Првна Марта, Баба Марта, Мартинден, Летник и сл. Покрај вообичаеното народно толкување, дека мартинките се носат за здравје и среќа во текот на претстојната година/лето, постои толкување и дека тие се носат „за од змии“, т.е. луѓето да немаат проблеми со змиите преку летото.
Мартинките вообичаено се носат неколку денови во текот на месецот март и најчесто времетраењето на носењето на овие своевидни амајлии за заштита на луѓето од зло, несреќа и разни неволји, односно да им донесе здравје и среќа (к’смет) зависи од доаѓањето на преселните птици од југ. Имено, според народното толкување регистрирано во некои предели во источниот дел на Република Македонија, мартинките се носат сé додека не се здогледа првата ластовичка или штрк, кога според обредната пракса, мартинката се симнува од раката и се става под камен. Во некои западномакедонски предели, пак, мартинката кога се симнува се остава на гранче (грмушка) од трендафил (ружа).
Wednesday, 28 February 2024
Tuesday, 5 December 2023
Активности на часовите по Техничко образование во чест на Патронот
Со квилинг техника учениците од 6 одделение, под менторство на нивната наставничка Валентина Терзиева, изработија портрет на Патронот на часовите. Вчера портретот беше свечено предаден од страна на Претседателите на парелелките.
Thursday, 23 November 2023
Пинокио - изработки по техничко образование
Инспирирани од лектирата ,,Пинокио" -петтоодделенците во ,,Св. Климент Охридски" Драчево ги направија своите креации по своја замисла откако ја прочитаа лектирата Пинокио. Со малку хартија во боја, лепак и неколку пластични сламки, две капачиња, детето од ,,дрво" оживеа во рацете на вредните петтачиња. Одговорен наставник: Валентина Терзиева
,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”- награда на конкурс
,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”- награда на конкурс Малку задоцнето, но убавите вести се секогаш добредојд...
-
Новата година и Божиќните празници се најволшебното време во годината. Ајде да покажеме дека е време празничнатата магија да почне и тоа пре...
-
Галерија слики од наградените ученици по повод патрониот празник:
-
Комисијата во состав: Валентина Терзиева, Виолета Божиновска, Наташа Станојевска, Виолета Трпевска и Наташа Старделова ги селектира и рангир...







































































