Showing posts with label 8-1. Show all posts
Showing posts with label 8-1. Show all posts

Thursday, 29 June 2023

Натпревар во раскажување




 Почитувани,

Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ започнува со организирање натпревар во раскажување прочитани книги со цел да ги поттикне младите да стекнат навика за читање и да ги развијат своите способности за вербално изразување. Натпреварот во раскажување е одобрен за реализирање со одлука на Министерството за образование и наука, донесена според мислење на Бирото за развој на образованието. Повеќе детали и пријавување:

Thursday, 1 June 2023

Општински натпревар по македонски јазик

На 1.6. 2023 во Општина Кисела Вода се одржа Општинскиот натпревар по македонски јазик каде учество зедоа и нашите ученици Јована Петреска, 6-1 , Јана Цветановска, 6-2 , Андреј Радевски од 6-1 одделение, Сандра Цветковска 7-1, Матеа Стојановска од 7-2, Мила Василевска од  7-2, Филип Спасовски,8-1, Дафина Здравковска, 8-1 и Марија Постоловска, 8-1 одделение, како и Лука Стојчевски, 9-2 и Моника Филиповска од 9-3 одделение. Натпреварот беше осмислен како предизвик за младите натпреварувачи.








 

Tuesday, 9 May 2023

Посета на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите

 Денес, учениците од осмо одделение го посетија Меморијалниот центар на холукаустот на Евреите од Македонија. Потоа имаа прошетка низ Старата чаршија, а на крајот го посетија и гробот на Гоце Делчев во црквата ,,Св. Спас".







Friday, 28 April 2023

Награда на литературен конкурс

 28 Април е светскиот ден за безбедност и заштита при работа.

 На распишаниот конкурс ,,БЗР од мали нозе 2023", Дафина Здравковска освои 3 место.

Ментор: Виолета Трпевска

Член на комисија: Лидија Дузлевска Честитки за наградата.





Friday, 3 February 2023

Работилница во 8-1 „Тагата во уметноста“ во рамките на програмата за Ментално здравје

 На 26. 1. 2023 година се одржа работилница во 8-1 одделение на тема „Тагата во уметноста“ во рамките на програмата за Ментално здравје, во која учениците уметнички ја изразија тагата, а во исто време и се покрена дискусија „Што со тагата“, кои се начините да се справиме со чувството кое нималку не е пријатно. Стручната служба во училиштето ( Елена Петрушевска, Ивана Јаневска, Цветана Зафировска и Наташа Старделова)   ја осмисли и реализира работилницата во рамките на програмата за Ментално здравје на учениците. Истата на 27.1.2023 беше презентирана на онлајн состанокот пред колегите од другите училишта и менторот Јасмина Дечков. 

Во рамките на програмата се планира работилницата да ја проследат и учениците од другите одделенија како и да се вклучат наставници кои се заинтересирани. 

Еве некои од заклучоците кои произлегоа од дискусијата: 

Тагата не е чувство што лесно се дели и се покажува на другите. Таа е длабока и непријатна емоција, но изразувањето на тагата помага да се намали болката и полесно да се прифати. Многу славни личности својата тага ја преточиле во својата уметност. Кога се соочуваме со уметност во која има тага, учиме да ја препознаеме тагата, да ја прифатиме и полесно да ја изразиме сопствената тага.

Добро е кога сме тажни да знаеме дека имаме со кого да ја споделиме тагата, разговорот помага да се чувствуваме разбрани, прифатени, ги делиме чувствата и со тоа се намалува нашата напнатост. Помага и сознанието дека и на други им се случило нешто слично, а на кого ќе му се довериме зависи од степенот на блискост, довербата и видот на загубата. 

Споделуваме и дел од фотографиите и видеата на часот. 
















Tuesday, 20 December 2022

Час по историја, македонски јазик и граѓанско образование преку посета

 











Час по историја, македонски јазик и граѓанско образование преку посета на Спомен куќата на Мајка Тереза,  Музејот на македонската борба  за самостојност и црквата Св. Спас со учениците од VIII и  IX  одделение

Одговорни наставници : Гордана С. Анѓелковска, Виолета Трпевска, Филип Ускоков и Биљана Илиева

Monday, 12 December 2022

Натпревар за најдобро уредена статија на Википедија

 



Линк до Глам Македонија

Вики клубот при ООУ. Св. Климент Охридски - Драчево зеде учество во натпревар зауредување на статија на македонски јазик на Википедија. Од петте подготвени статии, жири комисијата ја одбра статијата за Клунарот, содржина која пред тоа ја немаше на Википедија на македонски. Петар Ангеловски 8-1одделение,  освои награда на натпреварот за најдобра статија на Википедија организиран од Глам Македонија и доби вредносен ваучер од 1000 денари. ЧЕСТИТКИ ЗА ПЕТАР и многу успех понатаму.

Monday, 5 December 2022

8-1 со квиз по Географија

Во рамки на ,,Климентови денови" по повод патрониот празник на нашето училиште, учениците од 8-1одд. изработија неколку едукативни квизови со географски поими, каде како конечно решение го добија името на нашето училиште,,Климент Охридски".
Одделенски раководител: Билјана Јованоска










Sunday, 4 December 2022

3 Декември-Меѓународен ден на лицата со посебни потреби

 




По повод 3 Декември-Меѓународен ден на лицата со посебни потреби, во нашето училиште беа организирани работилници од страна на дефектологот и образовниот асистент на учениците од V  до  IX  одд, со цел да се подигне свеста за инклузијата и лицата со посебни потреби.

Friday, 25 November 2022

Креативна хуманитарна новогодишна работилница


 


































 На 25.11.2022 во Националната галерија на Македонија, Чифте Амам се одржа креативна работилница за изработка на новогодишни украси. Рачно изработените украси се оживеани од ткаенини и украси. Проектот „Замисли желба“ секојдневно креира во објектот Чифте амамот своевидна магија. Денешната магија ја направија нашите вредни ученици од 8/1, 8/2 и  9/2. Магијата продолжува со хуманитарна продажна изложба на 14.12.2022. 

Одговорни наставници: Валентина Терзиева и Наташа Старделова


,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”- награда на конкурс

,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”-  награда на конкурс  Малку задоцнето, но убавите вести се секогаш добредојд...