Wednesday, 20 May 2026

Отворен час по македонски јазик

 На денешниот час по македонски јазик, учениците од 6-1 одд., преку креативна и интересна активност учеа за стереотипите и нивното влијание во секојдневниот живот. Преку изработка на кукли, тие ги изразија своите идеи, размислувања и пораки за прифаќање, почит и еднаквост. 

Часот помина во позитивна атмосфера, исполнета со дискусија, многу креативност, а особена чест ни беше присуството на директорката Елена Симоновска и библиотекарката Наташа Старделова. Тие со задоволство се вклучија во активностите заедно со учениците.

Одговорен наставник: Виолета Трпевска












No comments:

Post a Comment

,,Охрид камп за високо-технолошка извонредност",

 Нашиот ученик Дамјан Трпевски од 8-2 одд. учествуваше на шестиот ,,Охрид камп за високо-технолошка извонредност", организиран од ,,Мак...