Thursday, 21 May 2026

Свечена манифестација по повод Денот на сесловенската писменост


 Денес, 21.5.2026, во Домот на културата во с.Драчево се одржа свечена манифестација на доделување на наградите на учениците кои зедоа учество и беа наградени на конкурсот распишан од Општина Кисела Вода по повод 24 Мај - Денот на сесловенската писменост, оддавајќи им на тој начин почит на основоположниците на словенската писменост.
Фокусот на одбележувањето беше ставен на младите и нивниот труд. На учениците кои победија на општинскиот конкурс распишан по повод празникот, свечено им беа врачени наградите. Самата манифестација беше надополнета со кратка програма преку која се истакна значењето на глаголицата и мисијата на солунските браќа.
Откако им беа доделени наградите и дипломите на учениците, беа прочитани и личните творби на првонаградените во трите категории, учениците го проследија и документарниот филм за светите браќа Кирил и Методиј. 
Ученици кои беа наградени од нашето училиште се: Каја Златановска од 2-2 одделение, (трето место) со ментор Јасмина Лакинска, и Василиј Ѓеорѓиевски од 6-1, (второ место) со менторот Виолета Трпевска. 
Водители на манифестацијата беа Никола Крковски и Мила Цветковска. 
Честитки на наградените ученици и среќен празник. 

























 































No comments:

Post a Comment

Конкурс за избор на првенец на генерацијата 2017-2026 година

    Врз основа на „Правилникот за пофалби и награди и педагошки мерки на учениците“ на ООУ „Св. Климент Охридски“, и Критериумите за избор н...