Showing posts with label Инклузија. Show all posts
Showing posts with label Инклузија. Show all posts

Wednesday, 3 December 2025

3 Декември -меѓународен ден на лицата со попреченост,

 По повод 3 Декември -меѓународен ден на лицата со попреченост, во нашето училиште беа одржани работилници во одделенска и предметна настава. На истите се зборуваше за различните видови попреченост, начините на поддршка,како и социјалната инклузија на лицата со попреченост.

























3 Декември- Меѓународен ден на лицата со попреченост

 Денес во IV -2 одделение преку пораки и цртежи го одбележавме 3 Декември- Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Одделенски  раководител: Ане Мишовска

















Thursday, 27 November 2025

Презентација на работата на Гаспар- дневен центар со индивидуална работа

Денес 27.11.2025 во Домот на културата во с. Драчево својата работа ја претстави  Гаспар -дневен центар со индивидуална работа. На настанот присуствуваа градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и претставници од Општина Кисела Вода, бројни граѓани и претставници од основните училишта во Кисела Вода. Овој центар ја има поддршката на општината, а се занимава со помош и советување на ученици со потешкотии во изразувањето и во говорот, психолошка помош на ученици со посебни потреби ( Даунов синдром, аутистичен спектар, церебрална парализа и сл). Нивните специјалисти, логопеди, дефектолози и психолози се секогаш подготвени да се справат со проблемот без разлика дали е  однесување, внимание, аутизам, пречки во говор, анксиозност, депресии или пак од медицинска природа.  Повеќе за нивната работа има и на нивниот блог на Blog - Gaspar Centar, како и на веб страницата на центарот. Присутни од нашето училиште беа стручната служба, наставници и учениците од 5 одделение.






Monday, 7 October 2024

Зелена панделка- Ден на лицата со церебрална парализа

 Денес дефектологот Цветана Зафировска во 1-1 одд реализираше работилница и со учениците разговараше за дечињата со церебрална парализа. Дефектологот и учениците разговараа за посебните потреби на децата со церебрална парализа, како и за нивната вклученост во секојдневниот живот. За да ја подигнеме свеста на луѓето за потребите на децата со церебрална парализа, учениците боеја панделки во зелена боја. Потоа од пластелин изработија зелени панделки. Зелената панделка е општоприфатен знак за одбележување на младоста и новиот раст, како и надежта за напредок во третманот и прифаќањето на лицата со церебрална парализа.














,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”- награда на конкурс

,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”-  награда на конкурс  Малку задоцнето, но убавите вести се секогаш добредојд...