Showing posts with label 3-2. Show all posts
Showing posts with label 3-2. Show all posts

Wednesday, 20 September 2023

Учиме за скелет во 3-2 одделение

 III 2 одд.

Природни науки.
Учиме за скелет!
На креативен начин ги користиме сите материјали, па и тестенините и макароните за да научиме подобро за човечките коски. Одлична забава 3-2.












Thursday, 29 June 2023

Натпревар во раскажување




 Почитувани,

Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ започнува со организирање натпревар во раскажување прочитани книги со цел да ги поттикне младите да стекнат навика за читање и да ги развијат своите способности за вербално изразување. Натпреварот во раскажување е одобрен за реализирање со одлука на Министерството за образование и наука, донесена според мислење на Бирото за развој на образованието. Повеќе детали и пријавување:

Monday, 29 May 2023

Роботот Роби кај нас во училиштето

На 29.5.2023 во нашето училиште стигна еден необичен гостин. Тоа беше роботот Роби, кој беше презентиран од претставници на SEDC I Think Academy, која е прва воведна Академија за деца за теми од областа на технологијата.  Учениците од 1-5 одделение беа возбудени на средбата и со нетрпение чекаа да пробаат да го управуваат и да ги видат сите функции програмирани кај овој робот.  








 

Monday, 22 May 2023

Еднодневна наставно- научна екскурзија на третоодделенците

 На 18.5.2023, четврток третачињата од нашето училиште - III-1 и III-2 одд, заедно со своите наставнички: Елена Симоновска и Билјана Петрушевска ја реализираа еднодневната екскурзија на Колешинските Водопади во Струмица. Попатно го посетија "Исарот" или Тврдината во Штип, како и црквата Св. Троица во Радовиш. Правејќи прекрасни попатни спомени низ игра и песна пристигнаа кај Колешинските Водопади во Струмица каде имаа мал одмор проткаен со живописни пејзажи од природата.
























Friday, 12 May 2023

3-2 Час по музичко

 


Да се запознаеме со дувачките инструменти кларинет и саксофон ни помогна нашиот гостин Јане Рафаиловски - кларинетист, саксофонист и композитор. III 2 одд. Одд. наставник: Билјана Петрушевска.

Следете не' на линкот

Wednesday, 5 April 2023

Работилница за здрави заби



 







 Денес од страна на Службата за превентивна детска стоматологија, при град Скопје, беше изведена работилница за учениците од прво и четврто одделение. 

Работилницата се состоеше од четири модули:

1. Градба и функција на орална празнина;

2. Правилна исхрана и контрола на внес на шеќери;

3. Правилна орална хигиена;

4. Редовна посета на стоматолог и употреба на флуориди.


Monday, 3 April 2023

Светскиот ден на литературата за деца - 2 април одбележан во нашето училиште

Светскиот ден на литературата за деца, 2 април се одбележа во нашата библиотека со пригодни активности. Учениците од 4-2 твореа и создадоа 3-Д фигура на млад читател. Учениците од седмо одделение ја разменуваа лектирата „Мојот звук“ на Оливера Николова. Учениците од 3-2 во рамките на редовните посети самите прошетаа меѓу полиците и одбираа што ќе позајмат следно. 



Monday, 20 March 2023

Концерт на група „Металковци“ -Интерактивен концерт на лимени дувачки инструменти во Филхармонија

Концерт на група Металковци

Едукацијата на најмладата публика е многу важна, зошто на овој начин ја создаваме идната публика, ги поттикнуваме децата да развијат интерес за музиката која се изведува, која има поинаква звучна естетика од комерцијланата. Преку овие концерти се стекнува нова публика, потенцијални идни слушатели и почитувачи на класичната музика

Концертите за најмладата публика се важен сегмент во едукацијата на најмладите. Концертите како денешниот имаат прилагодена содржина, наменски креирана за најмладите, преку која на непосреден начин се едуцираат и се запознаваат со класичната музика. Концертот е замислен како музичка приказна која преку музика им ја доближуваат класичната музика на најмладите.

 
 Пријатен за слушање, креативен и едукативен беше денес концертот  на лимени дувачки инструменти во Македонска филхармонија! Децата беа презадоволни и  воодушевени!


 





 




 





































 















,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”- награда на конкурс

,,Зборот на Кирил и Методиј – секогаш живее во мојата приказна”-  награда на конкурс  Малку задоцнето, но убавите вести се секогаш добредојд...