Вчера, 29.4.2026 година, седмоодделенците од нашето училиште ја имаа финалната работилница од проектот „Насилството не е кул" во ООУ „Рајко Жинзифов" н. Драчево, која беше на тема „Ненасилна комуникација". Под водство на педагогот и психологот во училиштето учениците преку мошне интересни вежби стигнаа до нови знаења и успеаја да се поврзат како група. Со оваа работилница се заокружи еден дел од проектот за работа со ученици кој првично беше замислен под името Мисија: Другарство, и ги обедини учениците од трите основни училишта во Драчево. Благодарност до училиштето домаќин за можноста да учествуваме во работата на овој проект и се надеваме на следна соработка и дружење.
Thursday, 30 April 2026
Wednesday, 29 April 2026
Обука за употреба на новите панелни табли
Денес, 29.4.2026, се одржа обука за новата опрема во училиштето, четирите панелни смарт табли. Беа презентирани сите опции за работа и колегите беа информирани за нивна најоптимална употреба.
Subscribe to:
Posts (Atom)
🌿 ЕКО АКЦИЈА – МАЛИ ЧЕКОРИ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ! 🌿
Учениците од VII одделение - група - Екологија, во рамките на општествено-хуманитарната работа, успешно реализираа ЕКО акција во паркот „О...
-
Деветтоодделенците ја прославија својата полуматурска вечер во Вединг хаус на 3.06.2025. Забавата започна со самото пристигнување во рестор...
-
Новата година и Божиќните празници се најволшебното време во годината. Ајде да покажеме дека е време празничнатата магија да почне и тоа пре...
-
Галерија слики од наградените ученици по повод патрониот празник:
























































































