Литературна МИО работилница „Нашите зборови“
Денес 19.5.2026 год., во нашето училиште се одржа третата МИО активност од грантот „Градиме мостови“. Нашите ученици заедно со учениците од нашето партнерско училиште „Наим Фрашери“ од с. Студеничани, беа дел од литературната работилница „Нашите зборови“. Сите ученици твореа литературни творби на својот мајчин јазик, а потоа заедно со другарчето од другото училиште правеа превод на другиот јазик, учејќи нови зборови и значења. Литературните творби ги испечативме и сега се дел од двојазичната книга „Нашите зборови“, која ги краси полиците на нашата училишна библиотека.
Одговорни наставници: Виолета Трпевска и Наташа Старделова























No comments:
Post a Comment