Friday, 8 May 2026

Еко час 2026- Природно филтрирање на водата

 Денес учениците од 6-1 направија експеримент со природно филтрирање на водата со употреба на три типа на природни филтри.

1) Во првиот имаше само крупни камчиња (чакал)

2) Во вториот крупни камчиња (чакал) и песок

3) Во третиот имаше крупни камчиња(чакал), песок, разни тревки и ливчиња и памук.

Во трите филтри ставивме каллива вода и како и што очекувавме,во филтерот со најмногу елементи, водата беше најчиста. Воедно, додека се филтрираше водата набљудувавме и со која брзина истекува водата од филтрите, па се запознавме и со ерозијата на земјата.









No comments:

Post a Comment

,,Охрид камп за високо-технолошка извонредност",

 Нашиот ученик Дамјан Трпевски од 8-2 одд. учествуваше на шестиот ,,Охрид камп за високо-технолошка извонредност", организиран од ,,Мак...