🌟 ЧЕСТ И ПРИЗНАНИЕ ЗА НАШИТЕ ПРОСВЕТНИ РАБОТНИЦИ! 🌟
По повод Денот на учителот, Општина Кисела Вода ги избра и награди најдобрите наставници и стручни соработници, во знак на благодарност за нивната посветеност, професионалност и придонес во воспитно-образовниот процес. 👩🏫📚✨
Со особена гордост истакнуваме дека од нашето училиште ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драчево признанијата ги добија:
🏆 Виолета Трпевска – наставник по македонски јазик
🏆 Јасмина Лакинска – одделенски наставник
🏆 Валентина Кикеркова – наставник по англиски јазик
🏆 Наташа Старделова – библиотекар
💐 Ова признание е потврда за нивната посветена работа, љубовта кон учениците и стремежот секојдневно да создаваат подобро и поквалитетно образование.
❤️ Честитки до нашите наградени колешки!
Ви благодариме што со вашето знаење, труд и посветеност го правите нашето училиште место каде што растат, учат и се развиваат нови генерации.
👏🌟📚
#ДенНаУчителот #ОпштинаКиселаВода #ООУСветиКлиментОхридски #Драчево #НајдобриНаставници #Просвета #Учители #ГордиНаНашитеНаставници



No comments:
Post a Comment