Thursday, 30 April 2026

Финална активност од проектот „Насилството не е кул"

 Вчера, 29.4.2026 година, седмоодделенците од нашето училиште ја имаа финалната работилница од проектот „Насилството не е кул" во ООУ „Рајко Жинзифов" н. Драчево, која беше на тема „Ненасилна комуникација". Под водство на педагогот и психологот во училиштето учениците преку мошне интересни вежби стигнаа до нови знаења и успеаја да се поврзат како група. Со оваа работилница се заокружи еден дел од проектот за работа со ученици кој првично беше замислен под името Мисија: Другарство, и ги обедини учениците од трите основни училишта во Драчево. Благодарност до училиштето домаќин за можноста да учествуваме во работата на овој проект и се надеваме на следна соработка и дружење.






No comments:

Post a Comment

„Собери и рециклирај електричен отпад“- претстава и акција во нашето училиште

 Денес, 4.5.2026,  Нептун, во соработка со Електро Еко Грижа, организираше едукативен и забавен настан за деца од 2 и 3 одделение, со цел пр...