Денес, 19 февруари, во големата сала на Институтот за македонски јазик ,,Крсте Мисирков" се одржа чествување на 21 Февруари, Меѓународен ден на мајчиниот јазик. На прославата говореа: Претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова; директорката на Институтот, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска и проф. д-р Гоце Цветановски. Модератор на настанот беше м-р Филип Белчев. Со уметничка интерпретација на стихови од нашите поети, великани (Бл.Конески, А.Шопов и П. М. Андреевски) се обрати актерот Никола Ристановски. Вториот дел од настанот беше исполнет со тематски рецитации на ученици од различни средни и основни училишта, секој на својот јазик. Прославата на мајчиниот јазик беше извонредно доживување за секој од присутните во полната сала, прослава на различностите и единственоста на мајчиниот јазик, оној со кои сме задоени уште од раѓање. Секој може да научи да говори многу јазици, но може да сонува само на мајчиниот јазик. Од нашето училиште присутни беа Јана Китановска и Анастасија Тодорова од 9-1 одделение, библиотекарот и дефектологот на училиштето, и наши поранешни ученички, сега студенти на Катедрата за македонски јазик при ФФ ,,Блаже Конески".
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Осмиот број на „Наш збор“ -весникот на нашето училиште
Погледнете го новиот број од нашиот весник: Осмиот број на весникот „Наш збор“
-
Новата година и Божиќните празници се најволшебното време во годината. Ајде да покажеме дека е време празничнатата магија да почне и тоа пре...
-
Галерија слики од наградените ученици по повод патрониот празник:
-
Комисијата во состав: Валентина Терзиева, Виолета Божиновска, Наташа Станојевска, Виолета Трпевска и Наташа Старделова ги селектира и рангир...


















No comments:
Post a Comment