Saturday, 13 September 2025

Две пофалници на конкурсот ,,Мојот омилен лик од книгите"


 




Никола Деспотовски од 5-2 одделение и Калина Димишковска 6-1 денес се закитија со пофалници за своите литературни и ликовни творби на конкурсот на Арс Ламина- Читањето е супер моќ- Мојот омилен лик од книгите. 

За среќен и успешен почеток на новата учебна година, на 13 септември, во Детскиот парк на „Скопје сити мол“ се одржа литературно-музичкиот хепенинг „Читањето е супермоќ“.

Децата пееја со „Пет плус фамилија“, танцуваа со Dancers United, цртаа со Калиопи Трпчева и ДРАШ,  читаа со „Арс Ламина“ и  се дружеа со омилените ликови од книгите: Исидора Мун, Мирабела, Хари Потер, Хермиона и други.

Во рамките на оваа двочасовна дружба беа наградени и најдобрите учесници од креативниот предизвик „Мојот омилен лик од книгите“, кој беше распишан од 4 до 11 септември 2025 година. Сите креативни деца можеа да пратат цртеж, фотографија, видео или литературна творба инспирирана од омилените ликови од книгите.





No comments:

Post a Comment

„Собери и рециклирај електричен отпад“- претстава и акција во нашето училиште

 Денес, 4.5.2026,  Нептун, во соработка со Електро Еко Грижа, организираше едукативен и забавен настан за деца од 2 и 3 одделение, со цел пр...