Wednesday, 2 April 2025

Прибежишта за инсекти- работилница во Чифте Амам

 Денес, 2. 4. 2025, се реализираше соработка меѓу повеќе институции, Националната галерија, Зоолошката градина, Машински факултет, училиштата „Св. Климент Охридски“, „Невена Георгиева -Дуња“ и „Св. Наум Охридски“, а целтта беше на работилница да се направат живеалишта за инсекти, кои ќе бидат поставени во зоолошката градина во Скопје. 

Свесни сме дека со сè поголемата урбанизација на просторот и инсектите ги губат своите живеалишта, а нивното значење е огромно како полиенатори, но и важен сегмент во кругот на животот. 

Затоа, ја внесовме сета наша креативна енергија, употребивме природни материјали како трска, дрво и шишарки, гранчиња и кора од дрвја и на крајот резултатот беше голем број „Хотели за инсекти“. Учесници во работилницата од нашето училиште беа Марија Тренкоска, Калина Боцевска и Мила Филиповска од 8-2, заедно со наставничката по техничко образование, Валентина Терзиева и библиотекарката Наташа Старделова.
































No comments:

Post a Comment

,,Евакуација на ученици за време на непогоди"-Показна вежба втор дел ( од 1-5 одд)

 ,,Евакуација на ученици за време на непогоди" -Показна вежба втор дел  ( од 1-5 одд) Климент