Monday, 28 October 2024

Еразмус+ програма за идни проекти

 




⭕ Тридневната обука „Градење на капацитети на училишта за програмата Еразмус+“, оваа година ги обедини претставниците на училиштата од целата држава! 

👥Преку динамични работилници и дискусии, учесниците - претставници од училишта кои досега не биле дел од програмата - имаа можност да ги зајакнат своите капацитети, да се запознаат со приоритетите на Еразмус+ и да се подготват за идни проекти.

✅Оваа иницијатива не само што го поттикнува учеството на нови училишта во програмата, туку и ја поддржува инклузивноста, различноста, одржливоста и зелената агенда - клучни теми за иднината на образованието.

🔴Претставници од нашето училиште беа наставничката по биологија Биљана Илиева и одделенскиот наставник Марина Божиновска Тасевска.

No comments:

Post a Comment

„Како гледаме на конфликтите"- работилница

 Во рамките на активностите на Центарот за толеранција на 9.11.2024 година се одржа работилница на тема „Како гледаме на конфликтите". ...