На 13.3.2024 година во Домот на културата во с.Драчево се одигра т.н.„Форум театар“, што всушност е театар/ форум којшто го вклучува и гледачот во изведбата, прави дигресии меѓу различните изведби со дискусија меѓу публиката и модераторите. Поводот за овој настан е Денот на среќата - 20 март, а организатори се здружението „Рубикон“ и Општина Кисела Вода.
Во рамките на проектната активност Отворена Порта здружението „Рубикон“ изведува повеќе вакви претстави, од кои на територија на општината Кисела Вода првата се одржа денес, а ги опфати училиштата на територијата на село и населба Драчево, ООУ „Св. Климент Охридски“, ООУ„ Кузман Шапкарев“ и ООУ„ Рајко Жинзифов“.
Форум театарот активно ја вклучува публиката, која не е пасивен чинител, туку ако изрази желба гледачот може да стане и актер во претставата, да биде критичар на ситуацијата и учесник во дебата. Темата на денешните изведби беше успешно справување со врсничкото насилство, булингот и сајбер- насилството. Учениците од трите училишта зедоа активно учество и дадоа свои предлог активности за справување со проблемите кои беа преставени на сцената.
Ваквиот вид на активности каде учениците стануваат проактивни беа необично и драгоцено искуство за сите гледачи/ учесници, кое се надеваме ќе остане и трајно научено однесување и во животните ситуации.
Може повеќе да прочитате за Форум Театар на линкот.
No comments:
Post a Comment