Saturday, 11 November 2023

Доделување на награди на 56. Рацинови средби

 Честитки за Елена Симоновска  и 4-1 одделение. 3 награда за ликовно- литературен проект на  56.Детски Рацинови средби!

Денес, 11.11.2023 година беше убав ден за 4-1 одделение. Ним денес им ја доделија третата награда за литературно- ликовниот проект на 56. Рацинови детски средби. 

При самото влегување во градот тие се поклонија и ја искажаа својата почит пред паметникот на великиот поет Кочо Рацин. 

На манифестацијата ја погледнаа драмската претстава за некогашното и денешното образование, а потоа беа повикани на сцената каде им ја врачија вредната награда. Навистина незаборавен ден! 

Повеќе за литературно- ликовниот проект пишувавме на следниот линк 

 https://nas-zbor.blogspot.com/2023/11/56.html?m=1



































No comments:

Post a Comment

„Собери и рециклирај електричен отпад“- претстава и акција во нашето училиште

 Денес, 4.5.2026,  Нептун, во соработка со Електро Еко Грижа, организираше едукативен и забавен настан за деца од 2 и 3 одделение, со цел пр...