Tuesday, 23 May 2023

Одбележан Денот на сесловенската писменост „Свети Кирил и Методиј"

Годинава се одбележуваат 1160 години од словенската писменост  како општословенски празник во чест на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Ги празнуваме ликот и делото на основоположниците на словенската писменост, Кирил и Методиј и нивната непроценлива хуманистичка и космополитска мисија. Овој голем ден се одбележува и слави повеќе од век и половина во словенскиот свет како ден на културата и просветата.

Во нашето училиште овој ден пригодно се одбележа со активности во училишната библиотека, како и на часовите по македонски јазик, општество, историја и ликовно образование.

No comments:

Post a Comment

Летен камп- Проекти Мировен корпус и Еразмус

На 26.6.2024 по традиција се одржа летниот камп на Пеленица во организација на Еразмус проектот и Мировниот корпус. Присутни беа 6 ученици о...