„Спремни за средно!“: Синоќа 560 деветтоодделенци од Кисела Вода заеднички ја прославија полуматурата
Thursday, 11 June 2026
„Спремни за средно!“
Wednesday, 10 June 2026
Првенци на генерацијата 2017- 2026
На денешниот Наставнички совет беа прогласени 🎓 ПРВЕНЦИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈА 2017–2026🎓
Со особена гордост и чест ги претставуваме учениците кои со својот труд, знаење, посветеност и примерен однос се истакнаа како најуспешни претставници на генерацијата 2017–2026 во ООУ „Св. Климент Охридски“ – с. Драчево.
🏆 Првенци на генерацијата
Михаела Димитровска– IX/1 одделение
Матеј Димишковски IX/2 одделение
Михаела и Матеј со својата истрајност, одлични резултати и активно учество во училишниот живот заслужено го понесоа признанието „Првенец на генерацијата“. Нивниот успех е доказ дека трудот, дисциплината и посветеноста секогаш носат резултати.
Им честитаме и на двајцата за овој значаен успех и им посакуваме многу среќа, здравје и нови достигнувања во понатамошното образование и животот. Веруваме дека ќе продолжат да ги следат своите соништа и да ги претвораат во реалност.
Горди сме на вас! Честитки за вашите постигнувања и ви посакуваме светла и успешна иднина! 🎓✨
Tuesday, 9 June 2026
,,Децимални дропки и децимални броеви"- час во 6-2
🧑🎓Имплементација на час во VI - 2 одделение од проектот Еразмус ,,Изоне" поддржан од Европска Унија;
👩🎓Наставна содржина: ,,Децимални дропки и децимални броеви";
👨🎓 Со користење на современи дигитални алатки учењето беше забавно и креативно. Преку квиз изработен со алатката Kahoot беа повторени содржините: децимални дропки, правилни, неправилни и привидни дропки, мешан број и децимален број;
👩🏫Ментор Марија Лозаноска
Ракомет во 2-2
🤾Имплементација на час во II 2 одделение од проектот Еразмус ,,Изоне" поддржан од Европска Унија.
🤾Наставна содржина: ,,Шут во гол во ракометот"
🤾Развиваме координација, учиме техника на додавање и препознаваме правилен и неправилен скок шут во гол.
🤾Ментори: Јасмина Лакинска и Елена Симоновска
Шарениот свет на растенијата
Во рамките на Еразмус+ и проектот IZONE со учениците од III2 реализиравме час на тема ,,Шарениот свет на растенијата". Со низа активности -сеење на семе, разгледувања на растенија низ училишниот двор, презентација, наставен лист, квиз на Wordwall ,учениците се запознаа со деловите на растенијата и нивната улога.
Одд. наставник: Татјана Каранфиловска
„Храбриот Праслеа и златните јаболка“- бајка во 6-2
Во рамките на проектот Еразмус+ „IZONE“, поддржан од Европската Унија, реализиравме час по македонски јазик на тема „Храбриот Праслеа и златните јаболка“- бајка.
Преку читање, анализа на текстот и интерактивни активности, учениците ги развиваа своите вештини за разбирање при читање, ги препознаваа ликовите и нивните особини, ги следеа настаните во бајката и разговараа за моралните вредности што ги пренесува делото.
За проверка и продлабочување на разбирањето на содржината, беше искористена и едукативната дигитална алатка Wordwall, преку која учениците на интересен и забавен начин ги утврдуваа знаењата стекнати од прочитаната бајка.
Со користење на современи дигитални алатки, учењето беше интересно, креативно и поттикнувачко за сите ученици.
Одговорен наставник: Виолета Трпевска
Monday, 8 June 2026
Танграм- 3-2 одд.
Отворен час во 3-2 одд. Имплементација на часови од проектот Еразмус ,,Изоне" поддржан од Европска Унија.
Наставна содржина: ,,Танграм"
Цел на часот : Примена на ИКТ алатки
Учениците преку ИКТ алатки се запознаа со Танграмот.
Потоа со играта https:/it.mathigon.org/ изработуваа Танграм.
На крајот цртаа Танграм и редеа сложувалка.
Ментор: Елена Петрушевска
Есенска приказна низ генерациите
🍁 ДОБРЕДОЈДЕ НА ЕСЕНТА! 🍂 Денес, 22 септември 2026 , нашиот прекрасен училиштен двор беше обоен во есенски бои, исполнет со песна, игра,...
-
Новата година и Божиќните празници се најволшебното време во годината. Ајде да покажеме дека е време празничнатата магија да почне и тоа пре...
-
Галерија слики од наградените ученици по повод патрониот празник:
-
Комисијата во состав: Валентина Терзиева, Виолета Божиновска, Наташа Станојевска, Виолета Трпевска и Наташа Старделова ги селектира и рангир...
























































