Wednesday, 25 February 2026

„Комуникација и рачни сигнали при возење“ 🚲

















 На 25.02 реализиравме уште една активност од третата сесија „Комуникација и рачни сигнали при возење“ 🚲


Преку практични вежби учениците вежбаа возење во група(колона),комуникација и контролирано запирање на колоната со рачна сигнализација како и комуникација и вртење на колоната  лево и десно со рачна сигнализација, развиваа контрола, координација и сигурност при возење 💪


Активностите се дел од програмата на Вело Училишта и имаат цел постепено градење самодоверба и безбедни навики во сообраќајот 🚸🌿


Активностите се дел од Еразмус+ проектот „Училишни Улици“, во кој Вело Училишта е партнер организација.

Како се изработуваат графиките

 Денес, 25.02.2026 година, нашите ученици Јана Китановска, Анастасија Тодорова и Калин Кечовски од 9-1 имаа можност да ја посетат Националната галерија во Чифте Амам во Старата чаршија на покана на едукаторот Маја Димитрова. Таму се запознаа со методот на изработка на графики и твореа на тема: Морски свет.  Карактеристично за овој медиум и начин на изработка на уметничките дела  е што најпрво се изработува на матрицата, од која цртежот или ликовната постапка се отсликува - втиснува на хартијата или некоја друга подлога. 




















Tuesday, 24 February 2026

НАСИЛСТВОТО НЕ Е КУЛ!

Денес, во ООУ ,, Рајко Жинзифов" започна реализација на проектот "Насилството не е кул!" , во кој се вклучени и ученици од соседните училишта ООУ,,Св. Климент Охридски" с. Драчево и ООУ ,,Кузман Шапкарев" . Проектот кој започна со многу позитивна енергија во трите училишта пред неколку месеци денес беше збогатен со работилница за ученици. Имено, ученици од трите училишта заеднички дискутираат, решаваат проблеми на работилницата и пред сè другаруваат. Обучувачи на работилницата беа стручната служба на училиштето  домаќин. Од нашето училиште присутни беа Ангелина Николоска 7-1, Јана Стојаноска 7-1, Андреј Велјаноски 7-1,  Ангел Комненовски 7-1, Матеа Гиновска 7-1, Филип Димески 7-1, Евгенија Стојановска 7-1 и Матеј Јаневски 7-2, кои дадоа свој придонес во текот на работилницата.

Голема благодарност до домаќините.


















Saturday, 21 February 2026

Доделување на дипломи по повод 21 Февруари

 Денес, 20.2.2026 година, во ООУ,, Кирил Печиновиќ" свечено беа доделени дипломите на наградените ученици Филип Димески 7-1 и Леона Тодоровска 7-2 одделение, на конкурсот на Секторот за образование при Општина Кисела Вода, а по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. На свеченоста присуствуваа директорката Елена Симоновска и Јасмина Лакинска - одделенски наставник.: ) <3 Честитки за Леона Тодоровска и Филип Димески кои со своите творби по повод Денот на мајчиниот јазик ги освоија третите награди во категориите ликовна и литературна творба по селекцијата направена во Секторот за образование во Општина Кисела Вода. Браво за учениците и нивните ментори Вики Јовевска-Трпевска и Виолета Божиновска. 

 Нека ни е честит денот!





Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"

  📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа  промоција на  книгата"Перото на Илинч...