Tuesday, 17 June 2025

Наградени првенците на генерацијата

 Напорниот труд на вредните ученици, нашите првенци на генерацијата 2016-2025 беше награден од Општина Кисела Вода и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski. На свеченото прогласување на првенци на генерацијата, четири ученички од нашето училиште, Теона Пецевска, Матеа Стојановска, Мила Василевска и Сандра Цветковска добија награда бесплатен летен камп и заштитни очила за работа на компјутер. Благодарност до Општина Кисела Вода и се надеваме ова да премине во традиција. Честитки, вредни деца, заслужено!





Доделени дипломите по природни науки

 Доделени дипломите по природни науки

Вчера директорката на училиштето Елена Симоновска им ги врачи дипломите на учениците кои освоија награди на натпреварот по природни науки. Честитки, успеси и понатаму!





Ретроспективна изложба и работилница инспирирана од Анета Светиева

 Ретроспективна изложба и работилница инспирирана од Анета Светиева

Иако на летен распуст, нашите уметнички не одмараат. Мила Филиповска, Марија Тренкоска, Калина Боцевска и Јана Цветановска беа во Даут Пашиниот Амам каде ја разгледаа изложбата и се инспирираа да творат со глина. Прекрасно поминат ден, заедно со одговорните наставници: Стефанија Јонческа-Тонски, Валентина Терзиева, Виолета Божиновска и Наташа Старделова, Благодарност до Националната галерија на Македонија и едукаторот Маја Димитрова.





































Friday, 13 June 2025

Доделување на свидетелства и прогласување на првенци на генерацијата 2016/25

 Денес, 13.06.2025 е свечен ден во училиштето. Се доделуваат свидетелствата за деветто одделение и беа прогласени првенците на генерацијата 2016/25, а во исто време се доделија и пофалници за континуиран одличен успех и високи постигнувања на учениците. 

Овогодинешните првенци се Теона Пецевска 9-1 и Матеа Стојановска 9-2, а имаше и 15 ученици со континуирано одличен успех во текот на целокупното нивно школување. 

Свечениот чин започна со поделба на свидетелствата, прогласувањето на првенците, а на крај се заврши со песната која класниот раководител Александар ја напиша и отпеа за генерацијата. 

Им посакуваме сите да се запишат во посакуваните училишта и да бидат успешни и понатаму во школувањето.  


























Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"

  📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа  промоција на  книгата"Перото на Илинч...