Wednesday, 28 May 2025

Што е тоа -добро? Што е тоа-лошо?- работилница

Денес, 28.5.2025, во 2-1 и 2-2  одделение се одржа работилницата „Што е тоа -добро? Што е тоа-лошо?“ во која библиотекарката Наташа Старделова им ја презентираше книгата на Владимир Мајаковски „Што е тоа -добро? Што е тоа-лошо? “ и се поведе дискусија со малите мудреци што е тоа -добро, а  што е тоа-лошо. Тие сите заедно размислуваа на оваа тема, ја слушна песната, а потоа направија сопствена презентација на доброто и лошото.

Ш






















то е тоа -добро? Што е тоа-лошо?

















 

Friday, 23 May 2025

Одбележан Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј

Рафаела Рафаиловска од 3-1 одделение  изработи презентација на химната за Кирил и Методиј по повод Денот на сесловенските просветители.  Браво Рафаела!


Кирил и Методиј

Минаа векови долги

и уште многу ќе минат, 

Вашите имиња светли

никогаш нема да згинат.

Посветли ликови за нас

нема под небесниот свод, 

азбука вие му дадовте

на целиот словенски род.

Вие солунски браќа, 

учители наши први,

народот го учевте

со книга напред да врви.

 И како сонце светло,

вечно од небо што сјае, 

така сред родот словенски

делото ваше ќе трае.

 

Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"

  📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа  промоција на  книгата"Перото на Илинч...