Во петокот се одиграа финалните натпревари во пинг-понг каде што по многу интересни дуели Михаил Ѓорѓиевски 9-1 го освои третото место,Горазд Цветковски7-2 го освои второто место и на првото место се пласираше Марко Маринковски 9-1.Дипломите ги доделија директорката и педагогот на нашето училиште.
Sunday, 2 March 2025
Friday, 28 February 2025
Ден на ретките болести
Различни ,а сепак исти!
Ретки ,но постоиме!
Ретки,но најсилни!
Денот нa ретките болести го одбележаа учениците од II 2 одделение.
одд.наставници:Татјана Каранфиловска,Симона Ѓорѓиевска
Работилница Направи сам и подарок книга Со малку труд многу радости
Денес, 28.2.2025, имавме чест повторно да се видиме и дружиме со господин Ѓорѓи Чачкиров, автор на книгата ,,Со малку труд многу радости". Нашиот гостин присуствуваше на работилницата во организација на неуморната наставничка по техничко образование Валентина Терзиева, на која учениците изработуваа вежби токму од неговата книга. Макета на куќа, куќичка за птици и макета на продавница, чудесно се ствараа од вештите раце на младите моделари од 6-1 и 6-2 одделение. Гостинот ни ја откри и својата приказна дека на нивна возраст се ,,заразил" со моделарството, за потоа токму неговата страст да го одведе во височините, во вистинската смисла на зборот и да стане авијатичар. За време на часот успеавме да погледнеме и снимки од првиот лет над небото на суверена Македонија кој бил изведен токму од нашиот пилот и да видиме како изгледало Скопје од авион пред 33 години.
На крајот на часот, како благодарност за посетата му врачивме благодарница на нашиот гостин, а тој на сите ученици им подари по еден потпишан примерок од книгата.
Еве што напишаа за нас на анторис.мк
https://antoris.mk/a/v/decata-se-interesiraat-za-modelarstvoto-i-za-vozduhoplovstvoto
Thursday, 27 February 2025
„Населби по мерка на децата“
,,Населби по мерка на децата,,- малите архитекти од 5 одд.- „Св. Климент Охридски Драчево“ и ,,Рајко Жинзифов“
Есенска приказна низ генерациите
🍁 ДОБРЕДОЈДЕ НА ЕСЕНТА! 🍂 Денес, 22 септември 2026 , нашиот прекрасен училиштен двор беше обоен во есенски бои, исполнет со песна, игра,...
-
Новата година и Божиќните празници се најволшебното време во годината. Ајде да покажеме дека е време празничнатата магија да почне и тоа пре...
-
Галерија слики од наградените ученици по повод патрониот празник:
-
Комисијата во состав: Валентина Терзиева, Виолета Божиновска, Наташа Станојевска, Виолета Трпевска и Наташа Старделова ги селектира и рангир...

















































