Tuesday, 17 December 2024

Богата трпеза во 4-1

  Уште неколку часа од изборниот предмет „Млади готвачи“. 4 - 1 имаа задача дома да направат јадење по избор (благо или солено) со мала помош од најблиските. Потоа секако требаше да го прикажат во училиште. Трпезата се наполни и сите пробаа од вредните рачиња на учениците.













Предновогодишно Гринч во нашето училиште

 Не,не Дедо Мраз,  туку кај нас дојде Гринч денес и можеше да ги посети учениците на часовите и да се фотографира со нив. Неговото присуство внесе радост и смеа меѓу децата, потсетувајќи ги на Божиќниот дух и расположение. Благодарност до Општина Кисела Вода за организацијата. 





















Целосна снимка од прославата на стогодишнината на училиштето

 Кој не успеа да присуствува на прославата има можност да ја погледне снимката од целата претстава овде. 

















Monday, 16 December 2024

Донација на 100 книги од Ѓорѓи Чачкиров за библиотеката и учениците

 









Денес, 16. 12. 2024 година, во нашето училиште, ја имавме честа, гости да ни бидат господин Ѓорѓи Чачкиров и госпоѓа Анета Трпевска- новинар во МРТВ.  Во срдечната средба се разговараше за стоте години постоење на училиштето и за поводот авторот да го посети нашето училиште. 

Животниот пат на Чичкаров е пребогат почнувајќи како млад моделар, па инструктор по моделарство, професионален пилот, наставник по моторно летање, генерален секретар на Воздухопловниот сојуз на Македонија, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, директор на летачка оператива во авиокомпаниите „Палер Македонија“ и „ Македонски Авиотранспорт“, тој денес е сестрана и личност со енциклопедиски познавања на мултидисциплинарната дејност -авијација, и не само тоа.

На средбата со директорката Елена Симоновска и библиотекарката Наташа Старделова , господин Чачкиров, автор на книги со оваа тематика, даруваше 100 книги на училиштето и училишната библиотека,  „ Како летаат авионите“ и „Со малку труд многу радости“, со надеж дека неговата страст и љубов кон авијацијата ќе се пренесе понатаму, на следбеници и ученици од нашето училиште.

 Изразуваме огромна благодарност до него за донацијата со ветување дека книгите ќе го најдат својот пат до читателите, идни макетари, пилоти и вљубеници во височините во нашето училиште.

https://www.vecer.press/podareni-sto-knigi-za/?fbclid=IwY2xjawHNRpZleHRuA2FlbQIxMQABHQNHjr19TVJ_KsuwX9IU82zSCv1sySyzy6iuJgCiDAfhrU7Sx2Q3jf8u8w_aem_Ce1ms37nv6I7nKkI7cYd6w


















Thursday, 12 December 2024

Китење на елка од книги со новогодишни украси во училишната библиотека

 Дедо Мраз се јави кај нас и замоли за помош. Во училишната библиотека донел голема елка од книги, но не стасал да ја накити. Малите првачиња од 1-1 и 1-2 се тука, секогаш спремни да помогнат. Дојдоа и за час се случи чудо, елката, блесна во сиот свој сјај. А за возврат библиотекарката им прочита неколку приказни од богатата колекција на сликовници во нашето училиште. 






































Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"

  📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа  промоција на  книгата"Перото на Илинч...