Wednesday, 20 November 2024

Концерт







ООУ,,Св. Климент Охридски" на музичка работилница и концерт со Бајса Арифовска и ученици од училиштата во општина Кисела Вода 🎵🎸🎹🪈🥁

„Сега се чита" - работилница

 Денес, 20.11.2024 во големата сала во Општина Кисела Вода се одржа работилницата Сега се чита, авторски проект на библиотекарот Маја Трајковиќ , од ООУ ,, Невена Георгиева Дуња". Беа присутни  библиотекарите од училишните библиотеки на основните училишта на територија на Кисела Водa, заедно со учениците од 5-6 одделение, кои беа учесници во проектот. Благодарност до секторот на култура и раководителката Даниела Костадинова за неизмерната поддршка да се овозможи прв реализиран проект меѓу осум основни училишни библиотеки во нашата општина.

 Преку различни, бројни активности учениците запловија во магичниот свет на книгите и твореа и споделуваа заеднички.

Од нашето училиште учесници беа Мила Цветковска, Матеј Јаневски, Махир Бајрамовски и Ангел Комненовски, сите од 6 одделение. 






















Балетска претстава „Др. Офболи“

 Вчера, 19.11.2024 учениците од одделенска настава ја посетија балетската претстава „Др. Офболи“ и направија убава корелација меѓу балетската претстава  и лектирата за трето одделение. 






Тест со тесто

 На изборниот предмет „Готвење“ имавме специјален тест. Месевме тесто за леб и кифли. 







Sunday, 17 November 2024

„Како гледаме на конфликтите"- работилница

 Во рамките на активностите на Центарот за толеранција на 9.11.2024 година се одржа работилница на тема „Како гледаме на конфликтите". Работилницата ја водеа професорки од Центарот за толеранција, а учесници беа ученици од 6 и 8 одделение. Учениците интерактивно, преку разни техники и активности учеа како да ги препознаат и правилно да реагираат при појава на конфликтни ситуации во училиште. Ова е првата од вкупно 6 работилници кои ќе се реализираат до крајот на учебната година. Во склоп на програмата на Центарот за толеранција предвидени се и обуки на наставниците на слични теми.

Училишни координатори : Елена Петрушевска и Биљана Илиева







,,Мене и душата ми е црвена"- признание на Рацинови детски средби

 На 16.11.2024 год. во Велес се одржаа 57. Детски Рацинови Средби. Манифестација на која е чест, гордост и привилегија  да се учествува. Трета година по ред нашите ученици се дел од најдобрите на оваа манифестација. Овој пат тоа беше награда за најдобра сценографија за мултимедијалниот проект ,,Мене и душата ми е црвена", под менторство на наставничката по македонски јазик, Виолета Трпевска. Во проектот учествуваа учениците од 6-2 одд., со техничка поддршка од учениците Филип Тодороски и Марко Дебарлиев од 9-2 одд.













Saturday, 16 November 2024

Салата - Жетварка на изборен предмет Готвење

 ,,Жетварка"традиционална македонска летна салата која нашите баби и дедовци ја користеле за да се освежат во топлите летни денови додека работеле на нивите.

7-1 одд ,изборен предмет: Готвење




Friday, 15 November 2024

Скопје мое!

 5- 2 одделение твореше за Скопје! 




Вкусна, топла супа

 Денес во врнежливиот ден 4 - 1 одделение по предметот ,,Млади готвачи" подготвија супа, а потоа додека беше топла,  ја изедоа.












Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"

  📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа  промоција на  книгата"Перото на Илинч...