Tuesday, 18 June 2024

Завршна приредба со учениците од 5-2 одделение

 Завршна приредба со учениците од 5-2 одделение

Завршна приредба со учениците од 5-2 одделение насловена како ,,Последниот час" !

Приредба со многу измешани емоции, на која присуствуваа и родителите. 

Се говореше за другарството, среќата, почитта... Учениците се претставија со латино танци, хип хоп настап, а завршија со Народното оро и неизбежното Пајдушко! Секако следеа и две драматизации, едната хумористична, насловена како ,,Збогум лето - збогум петто"  и драматизацијата ,, Последниот час", со која учениците се збогуваа со нивната наставничка Јасмина Лакинска.












Monday, 17 June 2024

Маички и табла за потпишување

 За спомен и долго сеќавање,секогаш креативни,  деветтоодделенците облекоа бели маички на кои меѓусебно се потпишаа, а воедно оставија и свој потпис на белата табла во библиотеката.

,,Климент засекогаш во нашите срца" напишаа тие, а знаат дека ќе останат засекогаш и во срцата на сите во училиштето. 

Им посакуваме среќа, љубов и посветеност на нивниот понатамошен пат и да останат секогаш позитивни, ведри и детски разиграни. 







Трета награда на Државен натпревар по природни науки.

 Трета награда на Државен натпревар по природни науки за Василиј Ѓорѓиевски, 4-1 одд. Честитки за него и неговите ментори Елена Симоновска и Нена Цветковска.




Friday, 14 June 2024

Регионални синдикални игри

 На Регионалните синдикални игри при општина Кисела Вода ,кои се одржаа на 14.06.2024 г. во ООУ ,,Партение Зографски" учествуваа  во повеќе дисциплини и членовите на СОНК од нашето училиште.Одлична организација,задоволни натпреварувачи.Браво колеги продолжете понатаму во тој дух !Многу успеси понатаму!






Полуматурска вечер и забава на деветтоодделенците

 Деветтоодделенците ја прославија својата полуматурска вечер во Вединг хаус на 13.06.2024. Забавата започна со самото пристигнување во ресторанот. Одличната атмосфера поттикна многу играње и пеење. И оваа прекрасна генерација ученици заминува и остава свој белег во училиштето, а сите им посакуваме успеси и среќа во понатамошното школување.













Wednesday, 12 June 2024

Едукативна работилница " Истражи го барскиот екосистем"

 


🏡На 12.06.2024 година во Едукативен центар за зачувување на природата с.Негрево, Општина Пехчево се одржа едукативна работилница " Истражи го барскиот екосистем" која е дел од Мрежата за искуствено учење.

🏠На работилницата учествуваа ученици од VII-1   и VII-2  одд. во организација на педагогот Елена Петрушевска, психологот Ивана Јаневска и наставничката по биологија Биљана Илиева.

🌾🐸🦟🐌🔬🧫🦠 Работилница со активности е спроведена на терен на природната бара-Езерце во градот Пехчево, а вториот дел се состоеше од набљудување  под микроскоп и лупа и анализа на собраните материјали од терен во едукативниот центар во Негрево .

Учениците преку искуствено учење се запознаа со растителниот и животинскиот свет на барскиот и шумскиот екосистем. Нивното знаење се збогати со еден поинаков начин на учење преку експерименти, собирање на природен материјал и негово набљудување.








































Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"

  📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа  промоција на  книгата"Перото на Илинч...