Sunday, 25 February 2024

Пешачење до верскиот храм Пеленица.

 Активност на спортско-рекреативна секција при Св. Климент Охридски Драчево .Пешачење до верскиот храм Пеленица.










Thursday, 22 February 2024

Доделени дипломи од Натпреварот за противпожарна заштита

Во склоп на активностите на Сојузот за заштита и превенција од пожари на Град Скопје, беше распишан ликовен и литературен конкурс каде учество земаа и наши ученици и при тоа учениците Бојан Јовевски 3-2, Матеа Цветковска 4-2 и Тарик Бајрамовски 6-1,  освоија награди, а исто и нивните ментори.

















 

Wednesday, 21 February 2024

Активности на 3-2 на Денот на мајчиниот јазик

Во III 2 oдбележан 21 Февруари-Ден на мајчиниот јазик.











 

Одбележување на Денот на мајчиниот јазик

 По повод Денот на мајчиниот јазик, 21 Февруари, денес во Домот на културата ,,Билјана Беличанец" беа доделени наградите на учениците кои учествуваа на конкурсот распишан од Секторот за образование и предучилишно воспитание, култура и спорт на Општина Кисела Вода на тема:,,Македонскиот јазик клокоти се лее, секој мајчин збор душа грее" . Наградени од нашето училиште се Василиј Ѓорѓиевски од 4-1 одд. со прва награда за својата поетска творба под менторство на наставничката Е. Симоновска и Мила Цветковска од 5-2 одд. со трета награда за својата ликовна творба под менторство на наставничката Ј. Лакинска.


















Конференција „Сите во акција за справување со врсничкото насилство“




На 21.02.2024 година во Меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје беше одржана конференција „Сите во акција за справување со врсничкото насилство“.  

Конференцијата е завршен настан на проектот „Сите во акција за безбедни училишта“ - поддржан од Механизмот за граѓанска отпорност (МГО), во рамките на проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна

Македонија“ што се финансира од ЕУ, реализиран од Здружение на граѓани

РУБИКОН Скопје.

Учесниците на конференцијата  имаа можност да дискутираат и да дознаат нешто повеќе за фактичката состојба, превенција, препознавање и справување со различни форми на врсничко насилство.

Покрај тоа, на конференцијата  беа споделени и искуствата на претставниците на вклучените институции што беа дел од проектните активности.

Претставник од ООУ„Св. Климент Охридски“ беше библиотекарката Наташа Старделова.

Tuesday, 20 February 2024

Резултати од општинскиот натпревар по биологија

 Резултати од општинскиот натпревар по биологија :

🥇Прва награда - Матеј Димишковски 7-2 

🥈Втора награда - Иван Трајковски 7-2 

🥉Трета награда - Михаела Димитровска 7-1

🏆 Сите ученици продолжуваат на регионален натпревар

➡️ Ментор - Биљана Илиева 

➡️ Организација и техничка поддршка на натпреварот Билјана Стојчевска - Петрушевска




Зборот наспроти сликата

Со сликата некогаш заменуваме илјада зборови. Лектирното дело на Н. А. Шкриќариќ, Перуновата стрела, пресликано од креативните раце на Марија Тренкоска од 7-2 одд. Часовите предвидени за слободно изразување и творење се вистински рудник за откривање и брусење на дијаманти.




Есенска приказна низ генерациите

  🍁 ДОБРЕДОЈДЕ НА ЕСЕНТА! 🍂 Денес, 22 септември 2026 , нашиот прекрасен училиштен двор беше обоен во есенски бои, исполнет со песна, игра,...