Wednesday, 28 December 2022
Tuesday, 27 December 2022
Monday, 26 December 2022
Најдобар читател за месец декември
Ања Анѓеловска од 2-2 е прогласена за читател за месец декември со позајмени и прочитани најмногу книги во месецот. Честитки, Ања. Уште повеќе книги да прочиташ во второто полугодие.
Saturday, 24 December 2022
Новогодишен марш до Шпела и китење на елка
Учениците, наставниците од ООУ ,, Св. Климент Охридски" и сите заинтересирани, во организација на предметниот наставник Александар Ѓеорѓиевски, на 24.12.2022 го изведоа маршот до пештерата Шпела, патека долга 19 км. Таму тие ја накитија природната елка со украси и лампиони, што најверојатно ќе влезе и во традиционално китење на училишна елка од Спотртско - рекреативната секција.
Прекрасно предновогодишно пешачење со учениците од Св. Климент Охридски Драчево и воедно китење на елка(смрека).Голема благодарност до родителите, Аце , Тана Ѓорѓиовска и наставничката Душица, кои беа од огромна помош.Посебна благодарност до Константин Василевски за гостопримството,за чајчето,сокчето,медот,јегерот и др.
Новата година може да дојде, спортистите се подготвени.
Фенерче во 6-1 и 6-2
Новата година може да дојде, осветелен и' е патот..Работна задача ,,Фенерче" -6-1 / 6-2 одд. Отворен час во 6 одделение со предметниот наставник Валентина Терзиева
Friday, 23 December 2022
E- twinning проект: Божиќни ангелчиња
II 1 учествуваше во интернационален проект на Етвининг платформата под мотото ,,Божиќни ангелчиња". Целта на проектот беше да си испратиме божиќни ангелчиња со ученици од иста возраст и да научиме како секоја земја го прославува празникот Божиќ. Во проектот учествуваа ученици од Турција, Франција, Грција и Македонија.
Ментор: Тања Петков
Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"
📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа промоција на книгата"Перото на Илинч...
-
Новата година и Божиќните празници се најволшебното време во годината. Ајде да покажеме дека е време празничнатата магија да почне и тоа пре...
-
Галерија слики од наградените ученици по повод патрониот празник:
-
Комисијата во состав: Валентина Терзиева, Виолета Божиновска, Наташа Станојевска, Виолета Трпевска и Наташа Старделова ги селектира и рангир...























































