Wednesday, 23 November 2022

Одбележување на 13 Ноември 3-1 и 3-2 одделение

 













По повод 13 Ноември, денот на ослободувањето на Скопје, учениците од III-1 и III-2 одделение  беа на панорамско разгледување на градот Скопје, со посета на дел од знаменитостите со кои изобилува градот. Како завршна дестинација беше планината Водно и краток престој на врвот на планината со возење на жичарата. Ова беше навистина интересно доживување во чест на роденденот на нашиот град Скопје! 

Одделенски наставници: 

-Елена Симоновска III-1 одд.

-Билјана Петрушевска III-2 одд.

Tuesday, 22 November 2022

Конкурс по повод патрониот празник на тема „ Климентови денови“

 


Драги ученици, 

Ајде заедно да го прославиме патрониот ден на нашиот заштитник Св. Климент Охридски. 

Годинешниот конкурс трае од 22.11. до 29.11.2022 година и ќе твориме под мотото „Климентови денови“. 

Како вие го замислувате Св. Климент Охридски? Каков бил неговиот живот? Кои предизвици ги имал во својот живот?  Како му поминувале дните? По што останал запомнет?

 Употребете ја својата имагинација и одете во времето кога живеел.

 Сите видови на литратурни творби се дозволени, и сите ликовни техники,  исто така. Ве охрабруваме да бидете креативни и инвентивни.

Своите литературни и ликовни творби треба да ги предадете на одговорните наставници до 29.11.2022. За најдобрите творби има предвидено дипломи и награди.

За одделенска настава за литературните творби одговорна е Лиле Велјановска, а за предметна Наташа Старделова. 

За ликовните творби одговорни се Марина Божиновска - Тасевска за одделенска, а Валентина Терзиева за предметна настава.

Творбите може да се предаваат во пишана/ хартиена форма или на адресата svklimentohridskid@gmail.com

СЕ НАДЕВАМЕ ВИ ПОБУДИВМЕ ИНТЕРЕС, ГИ ОЧЕКУВАМЕ ВАШИТЕ ТВОРБИ СО НЕТРПЕНИЕ. 


Monday, 21 November 2022

СТЕМ клуб

 СТЕМ КЛУБ
















СТЕМ е кратенка која означува интеграција на науката, техниката, инженерството и математиката. СТЕМ клубот во ООУ"Св Климент Охридски"  е под менторство на наставничката по Биологија и Природни науки - Биљана Илиева, а членуваат учениците од 6 - 1 одд. Целта на СТЕМ работилниците е развивање на вештини и компетенци кај учениците од областите на природните науки.

Првата работилница беше од областа на хемијата. Ќе следат работилници по биологија и физика. Учениците  се почувствуваа како вистински научници користејќи ја опремата за во лабораторија.


Sunday, 20 November 2022

5-1одделение го одбележа светскиот ден на детето - 20 Ноември

                                    



Светскиот ден на детето има за цел да го сврти вниманието на широката јавност за сите обврски кои општеството ги има кон децата. Токму затоа, не само 20 ноември, туку секој ден треба да биде ден на детето. Сите треба да се стремиме кон создавање на услови за безгрижно детство, како и развој на квалитетно образование, со еден збор услови за воспитување на идните градители на светот.

V - 1 одделение

Квиз-натпревар ,,Противпожарна заштита"

 





На 18.11.2022 год. се одржа 36 општински квиз-натпревар од областа на ,,Противпожарната заштита,, кој се одржа во просториите на Општина Кисела Вода, а на кој учествуваа осумте основни училишта од општината. Нашето училиште го претставуваа натпреварувачите Сандра Цветковска, Теона Пецевска и Марко Маринковски, кои со освоени 40 бодови го освоија 4 место. Ментор на учениците им беше наставничката по техничко образование, Валентина Терзиева. 

5-1 и изборниот предмет Финансиско работење

 



Соработка со родителот Магдалена Весковска, вработена во НЛБ Тутунска банка. Во корелација со изборниот предмет ,,Финансиско работење" одржано е исцрпно предавање за работата на банката во V 1 одделение.

5-2 одделение: Финансиско работење

 


Активности од изборен час Финансиско работење.

 ,, Големи и мали потрошувачи на електрична енергија,, .

 Идеи како да се заштеди енергија во домот. 

V 2 одд. Наставник: Сузана Спасовска.

Tuesday, 15 November 2022

Конкурс на ,,Здружение за заштита на децата"

           





 
Нашите ученички Мелани Василевска и Ива Трпчевска од 2- 1 за учество во конкурсот на ,,Здружение за заштита на децата"  добија благодарници и награди. Им посакуваме уште поголеми успеси.

Ментор: Тања Петков

Monday, 14 November 2022

5-1 одделение со ликовни творби на тема ,,Заштита од пожари"

 





Кога станува збор за креативност и уметничко творење ниедна тема не е претешка за младите уметници од нашето 5-1 и нивната наставничка Марина Божиновска Тасевска. Темата беше ,,Пожари", па видете ги најдобрите дела. 

Библиотекарската секција на дело

 






Денес, 14.11.2022 библиотекарската секција во состав: Софија Ацевска, Стефан Дојчиновски, Филип Спасовски, Петар Ангеловски и Дафина Здравковска работеше во библиотеката на заведување на новите книги кои ги подарија учениците од 9-1 одд.

Исто така, членовите на секцијата се запознаа со сите фази на библиотекарското работење. Погледнете ги сликите.

Час по македонски јазик и подарок за нашата библиотека од 9-1 одделение





















 


Денеска. 14.11.2022 година часот по македонски јазик на 9-1 одделение беше одржан во библиотеката и медијатеката на училиштето. Учениците најнапред ги подарија двете книги кои ги добија како награда за мултимедијалниот проект „Рацин - Поет на болката и љубовта“. 

Потоа имаа задача да пронајдат книга од нашиот поет Блаже Конески, каде се застапени неговите најпознати песни „Тешкото“ и „Везилка“. И секако, дека пронајдоа. Ја слушнаа изразно рецитираната песна „Тешкото“, го погледнаа орото од кое се инспирирал поетот и дискутираа за значењето на симболот во поезијата. Потоа, го чуја и гласот на Блаже Конески кој ја рецитира својата „Везилка“- програмска песна на поетот кој создаваше „проста и строга поезија“. 

Со договор заинтересираните ученици наскоро да се запишат во библиотекарската и новинарската секција посетата заврши. 


Есенска приказна низ генерациите

  🍁 ДОБРЕДОЈДЕ НА ЕСЕНТА! 🍂 Денес, 22 септември 2026 , нашиот прекрасен училиштен двор беше обоен во есенски бои, исполнет со песна, игра,...