Friday, 28 October 2022

Обука „Инклузивно образование во пракса“

 


На 28.10.2022 во организација на Бирото за развој на образованието се одржа обуката „Инклузивно образование во пракса“ на која присуствуваше и стручната служба од нашето училиште: Елена Петрушевска- педагог, Ивана Јаневска- психолог, Цветана Зафировска- дефектолог и Наташа Старделова- библиотекар. 




Thursday, 27 October 2022

Хуманост на дело- Акција на Црвениот крст

 











По повод "Неделата на гладта"во организација на Црвениот крст на Северна Македонија и нашето училиште зема активно учество со членовите на Клубот на Црвениот крст и одговорниот наставник Лидија Дузлевска

Wednesday, 26 October 2022

Еропска недела за Безбедност и заштита при работа



 




По повод Европската недела за Безбедност и заштита при работа на 26.10.2022 год.се одржа презентација на четвртата збирка песни и раскази   од проектот "БЗР од мали нозе"во Стопанска комора на Северна Македонија.

По тој повод бевме поканети на настанот како учесници на конкурсот со Дафина Здравковска, ученичка во 8-1 одделение,  како автор и учесник, ментор-Виолета Јовевска-Трпевска и Лидија Дузлевска како член на комисијата за оценување на творбите.

Tuesday, 25 October 2022

2-1 учи да кодира

 Учиме кодирање и вежбаме логичко размислување без компјутери. Одлично се снајдовме🙂

одд.наставник Тања Петков II1одделение








Monday, 24 October 2022

5-2 на час по Историја и општество

 











На час по Историја и општество. Учиме за припадност на групи. И работиме во групи затоа што така полесно се учи.

V 2 одд. Наставник : Сузана Спасовска.

Спортско -рекреативна секција на пешачка тура до Пеленица

 





Во рамките на спортско-рекреативната секција(планинарење и велосипедизам),денес учениците од 6 и 7 одд. со наставникот Александар Ѓ. учествуваа на пешачка тура до Пеленица. Поминати осум и пол километри за време од 2 часа во одлично расположение. 

Saturday, 22 October 2022

Конференција за образование во Требиње


                                       






Уште една Конференција,активно учество, уште едно достојно претставување надвор од границите на нашата држава.
Требиње, БиХ-наставници од поранешните југословенски републики,размена на искуства,нови идеи.Претставници од нашето училиште беа в.д. директор Татјана Каранфиловска и одд.наставници Тања Петков и Билјана Петрушевска.



Тимот од ЈДГ „Весели цветови” и ООУ,,Св.Климент Охридски”, во периодот од 20 до 23 октомври учествуваше на престижната Конференција во Требиње, БиХ. Директорите, м-р Габриела Стојановска и Татјана Каранфиловска заедно со членовите на тимот: Клементина Петрушевска, Тања Петков и Билјана Петрушевска зедоа активно учество на настанот преку своите индивидуални и тимски постигнувања.

Тимот од ЈДГ „Весели цветови” и ООУ,,Св.Климент Охридски”, во периодот од 20 до 23 октомври учествуваше на престижната Конференција во Требиње, БиХ. Директорите, м-р Габриела Стојановска и Татјана Каранфиловска заедно со членовите на тимот: Клементина Петрушевска, Тања Петков и Билјана Петрушевска зедоа активно учество на настанот преку своите индивидуални и тимски постигнувања.

На образовниот саем, градинката и училиштето беа презентирани на изложбен штанд со рекламен материјал, рачни изработки, мотивациски пораки, како и изданија и фотографии од реализирани наставни активности од учениците и воспитно- образовни активности со децата од градинката.

На конференцијата тимот од градинката и училиштето се здобија со благодарници за учество на образовниот саем, сертификати за поддршка и афирмација на професијата во земјите на просторот на поранешна Југославија, диплома за најоригинални мотивациски пораки како тим „МАКЕДОНИЈА МОТИВИРА” и специјална награда со титула „НАЈДОБАР НАСТАВНИК ВО ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА”, доделена на Клементина Петрушевска, воспитувач во градинката ЈДГ „Весели Цветови”, преку избор на кој се учествува со реализирани активности, признанија и награди од областа на предучилишното воспитание и образование за деца од предучилишна возраст, како и афирмација на професијата преку учество во проекти и настани за унапредување на раниот детски развој.




Есенска приказна низ генерациите

  🍁 ДОБРЕДОЈДЕ НА ЕСЕНТА! 🍂 Денес, 22 септември 2026 , нашиот прекрасен училиштен двор беше обоен во есенски бои, исполнет со песна, игра,...