Tuesday, 23 June 2026

Летото буди инспирација

 Креативните работилници со децата од основните училишта претставуваат современ и инспиративен начин учениците да се запознаат со корените на македонската уметност и да ја развијат сопствената креативност. Идејата на овие работилници е да се работи според делото, стилот и духот на основачите на македонската ликовна и културна традиција, преку практични активности и истражување.

Учениците имаат можност да се запознаат со значајни имиња кои ја поставиле основата на македонската уметност, како и со различни уметнички правци и техники кои тие ги применувале. На денешната работилница учество зедоа учениците од ООУ Невена Георгиева Дуња и ООУ Св. Климент Охридски.

Летото знае да буди вистинска инспирација!





No comments:

Post a Comment

„Напредна обука за методи, техники и инструменти за советување и професионална ориентација на учениците“

 Обука на тема: „Напредна обука за методи, техники и инструменти за советување и професионална ориентација на учениците“ Датум: 4 и 5 јуни 2...