Во рамките на проектот Еразмус+ „IZONE“, поддржан од Европската Унија, реализиравме час по македонски јазик на тема „Храбриот Праслеа и златните јаболка“- бајка.
Преку читање, анализа на текстот и интерактивни активности, учениците ги развиваа своите вештини за разбирање при читање, ги препознаваа ликовите и нивните особини, ги следеа настаните во бајката и разговараа за моралните вредности што ги пренесува делото.
За проверка и продлабочување на разбирањето на содржината, беше искористена и едукативната дигитална алатка Wordwall, преку која учениците на интересен и забавен начин ги утврдуваа знаењата стекнати од прочитаната бајка.
Со користење на современи дигитални алатки, учењето беше интересно, креативно и поттикнувачко за сите ученици.
Одговорен наставник: Виолета Трпевска















No comments:
Post a Comment