Monday, 8 June 2026

„Пиратски предизвик“- 3-2 одд.

 Една од активностите во рамките на Erasmus+ проектот IZONE беше креирање наставни часови од страна на наставниците од партнерските држави, кои потоа се реализираат во нивните училишта. Воедно, секој наставник вклучен во проектот има задача да реализира и наставен час подготвен од колега од друга земја.

Учениците од III одделение успешно го реализираа часот „Пиратски предизвик“, во кој имаа задача да го пронајдат скриеното богатство. Следејќи различни траги и совладувајќи интересни предизвици, тие покажаа тимска работа, соработка, снаодливост и упорност. Преку игра, дружење и заедничко решавање на задачите, учениците успеаја да стигнат до целта и да го откријат богатството.

Активноста беше исполнета со позитивна енергија, возбуда и насмевки, а воедно придонесе за развој на комуникациските и социјалните вештини кај учениците.

Одговорен наставник: Симона Ѓорѓиевска





No comments:

Post a Comment

Танграм- 3-2 одд.

 Отворен час во 3-2 одд. Имплементација на часови од проектот Еразмус ,,Изоне"  поддржан од Европска Унија. Наставна содржина: ,,Тангра...