Денеска, во просториите на Општина Кисела Вода, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска оствари средба со најуспешните деветтоодделенци, првенците на генерација од сите осум основни училишта кои се наоѓаат на територијата на општината.
На средбата, која помина во опуштена и пријатна атмосфера, на учениците им беа врачени благодарници и скромни пригодни подароци како признание за нивниот беспрекорен успех, вложениот труд и континуираното залагање во текот на целокупното основно образование.
Како потврда за системската заложба на Општина Кисела Вода да ги поддржува младите, овие истакнати ученици ќе бидат опфатени и дополнително наградени преку тековниот јавен оглас за талентирани ученици. Ова е дел од континуираната стратегија на локалната самоуправа за стимулирање и вреднување на вистинските квалитети кај новите генерации.
-Денешната средба со вас, првенците на генерацијата, е навистина посебен момент кој инспирира. Вие сте гордоста на вашите семејства, на вашите наставници, но пред сѐ, вие сте голема гордост на цела Кисела Вода. Со вашиот труд и посветеност покажувате дека успехот доаѓа исклучиво преку континуирана работа. Овие благодарници се само симболичен гест на нашето огромно почитување кон она што го постигнавте, а вашата извонредност соодветно ќе ја вреднуваме и преку јавниот оглас за талентирани ученици. Моја лична заложба, но и обврска на Општината, е секогаш да бидеме тука за да ги наградуваме, стимулираме и поддржуваме најуспешните, бидејќи вие сте иднината во која сите ние веруваме и во која вреди да се вложува-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.


.jpg)
No comments:
Post a Comment