Thursday, 11 June 2026

„Спремни за средно!“

 „Спремни за средно!“: Синоќа 560 деветтоодделенци од Кисела Вода заеднички ја прославија полуматурата

Петстотини и шеесет деветтоодделенци од сите основни училишта на територијата на Кисела Вода синоќа заеднички ја прославија својата полуматура. Под мотото „Спремни за средно!“, локалната самоуправа приреди голема бесплатна забава, одбележувајќи го крајот на основното образование за оваа генерација.
Настанот се одржа во спортската сала „Независна Македонија“ и помина во извонредна атмосфера. За музичкиот дел се погрижија популарното дуо 2Bona и диџеј Марио Трампет, а дополнителен белег на вечерта дадоа музичките точки на самите ученици. Оваа прослава, која се одржува втора година по ред, е особено значајна бидејќи нејзиниот концепт беше креиран директно од младите, врз основа на нивните желби и замисли.
-Синоќа сведочевме на прекрасна енергија и вистинска радост. Кога неодамна ги поканив претставниците на учениците за да ги сослушам нивните идеи, знаев дека заеднички ќе создадеме настан за паметење. Нашата цел беше оваа прослава да биде осмислена исклучиво преку нивната призма и токму тоа го остваривме. Овие млади луѓе се доказ дека кога ќе им дадете простор да одлучуваат, тие носат одлични одлуки. Општина Кисела Вода секогаш ќе го вреднува нивниот глас и ќе биде нивна поддршка. Им посакувам многу успех во понатамошната едукација и верувам дека од тука ќе понесат прекрасни спомени пред да зачекорат во средношколските клупи- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.







No comments:

Post a Comment

Трето место за Никола Крковски на државниот натпревар по македонски јазик

Учебната година заврши, но наградите се' уште пристигнуваат. Никола Крковски од 8-2 одделение освои трето место на државниот натпревар п...