Thursday, 4 June 2026

Работилница „Европас во училница“

 Работилница „Европас во училница“

Работилницата "Европас во училница" претставува активност која се реализира преку платформата Европас, со цел учениците да се запознаат со можностите што ги нуди оваа европска алатка за планирање на образовниот и професионалниот развој. Главната цел на работилницата е учениците да научат како да креираат личен профил на платформата Европас, да ги евидентираат своите знаења, вештини и достигнувања и да се подготват за понатамошно образование и идни можности за вработување.

Во рамки на работилницата, учениците се запознаа со процесот на изработка на биографија (CV) преку Европас, начинот на внесување лични податоци, образовни квалификации, дигитални и јазични компетенции, како и значењето на добро структурираната биографија. Преку практична работа тие имаа можност самостојно да креираат свој Europass профил и CV.

Во работилницата учествуваа 22 ученици од VIII-2 одделение, кои со голем интерес и активно учество ги совладаа основните чекори за користење на платформата и креирање на сопствена биографија.„Работилницата „Европас во училница“ беше реализирана со поддршка на Националната  агенција за европски образовни програми и мобилност.

Одговорен наставник : Биљана Илиева




No comments:

Post a Comment

Работилница „Европас во училница“

 Работилница „Европас во училница“ Работилницата "Европас во училница" претставува активност која се реализира преку платформата Е...