На денешниот Наставнички совет беа прогласени 🎓 ПРВЕНЦИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈА 2017–2026🎓
Со особена гордост и чест ги претставуваме учениците кои со својот труд, знаење, посветеност и примерен однос се истакнаа како најуспешни претставници на генерацијата 2017–2026 во ООУ „Св. Климент Охридски“ – с. Драчево.
🏆 Првенци на генерацијата
Михаела Димитровска– IX/1 одделение
Матеј Димишковски IX/2 одделение
Михаела и Матеј со својата истрајност, одлични резултати и активно учество во училишниот живот заслужено го понесоа признанието „Првенец на генерацијата“. Нивниот успех е доказ дека трудот, дисциплината и посветеноста секогаш носат резултати.
Им честитаме и на двајцата за овој значаен успех и им посакуваме многу среќа, здравје и нови достигнувања во понатамошното образование и животот. Веруваме дека ќе продолжат да ги следат своите соништа и да ги претвораат во реалност.
Горди сме на вас! Честитки за вашите постигнувања и ви посакуваме светла и успешна иднина! 🎓✨

No comments:
Post a Comment