Wednesday, 30 September 2026

🌟 ВАЖЕН ПОЧЕТОК НА ЕДНА ЗНАЧАЈНА ИНИЦИЈАТИВА! 🌟

 🌟 ВАЖЕН ПОЧЕТОК НА ЕДНА ЗНАЧАЈНА ИНИЦИЈАТИВА! 🌟

Со особена гордост споделуваме дека пилот-програмата на „Star for Life“ во Македонија започнува токму во нашето училиште – ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драчево! 💫📚

Ова е голема чест за нашето училиште и можност за нашите ученици да бидат дел од иницијатива која поттикнува личен развој, градење самодоверба, откривање и развивање на потенцијалите и подготовка за иднината. 🌱✨

🎉 По повод официјалниот почеток на програмата, на 30 септември 2026 година, во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, се одржа свечена Гала вечер, со која беше одбележан стартот на „Star for Life “.

Горди сме што нашето училиште е дел од почетокот на оваа значајна приказна и веруваме дека програмата ќе отвори нови можности за нашите ученици – да веруваат во себе, да ги препознаат своите способности и храбро да ги следат своите соништа. ⭐

На настанот со своја точка настапија и учениците од 3-1 и 4-1 одделение и ја збогатија програмата на прославата. 💓💛💜

💙 ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драчево
🌟 Веруваме во потенцијалот на секое дете!

#StarForLife #StarForLifeMacedonia #ООУСветиКлиментОхридски #Драчево #Образование #Ученици #Можности #Самодоверба #ЛиченРазвој #ВерувајВоСебе #СледиГиСвоитеСоништа
















🌿 ДА ОСТАВИМЕ ПРИМЕР, НЕ ЃУБРЕ! 💚

 🌿 ДА ОСТАВИМЕ ПРИМЕР, НЕ ЃУБРЕ! 💚

♻️ Најголемата еко-акција досега!

Денес, 30 септември, во 10:00 часот, започна големата еколошка акција за чистење на Скопје! 🌳🧤

Нашите вредни петтоодделенци, со нивните наставнички Радмила Стефаноска и Ане Мишовска, имаа една заедничка цел – почисто, поздраво и поубаво Скопје!

Мисли глобално, дејствувај локално! Го чистевме игралиштето Оксиген💚🏙️

🫵 Секој од нас може да направи разлика.
🗑️ Да не оставаме ѓубре зад себе.
🌱 Да оставиме пример!

За нашето Скопје. За нашата иднина. За сите нас. 💚

#ДаОставимеПримерНеЃубре #ЕкоАкција #ЧистоСкопје #Скопје #ЗаедноЗаПодобро #ГрижаЗаПриродата #ЕкоСкопје






































Tuesday, 29 September 2026

💻📚 НОВА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА СОВРЕМЕНО ОБРАЗОВАНИЕ! 🖥️✨

💻📚 НОВА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА СОВРЕМЕНО ОБРАЗОВАНИЕ! 🖥️✨

🏫 Нашето училиште, ООУ „Св. Климент Охридски“, е побогато со осум нови компјутери и пет интерактивни панел-табли, кои ќе придонесат за поквалитетна, посовремена и поинтересна настава.

🚀 Со новата технологија отвораме нови можности за интерактивно учење, креативност и развивање на дигиталните вештини кај нашите ученици.

👩‍🏫👨‍🎓 Продолжуваме да создаваме современа образовна средина во која знаењето, иновациите и технологијата одат рака под рака!

💙 Инвестираме во образованието – инвестираме во иднината на нашите деца!

#СвКлиментОхридски #СовременоОбразование #ДигиталноУчилиште #НовиТехнологии #УчилиштеНаИднината 📚💻✨













Завршни МИО активности со партнерското училиште

  Се заокружи МИО проектот со реализирање на четвртата активност во ООУ,,Наим Фрашери".Учениците од двете училишта во мешани тимови реа...